24.9 C
Ohrid
недела, јули 25, 2021
Почетна Македонија Филипче: Јас би се вакцинирал со било која вакцина..

Филипче: Јас би се вакцинирал со било која вакцина..

Translate (Eng):[gtranslate]

Ќе бидеме една од ретките земји која во прв момент ќе обезбеди значајна количина на вакцини за сериозно голем процент од населението, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека нема резерва кон ниту една вакцина и оти би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина што прва ќе пристигне во земјата.

Министерот посочи дека отворени се и за руската вакцина, но во овој момент, како што рече, нема да прават ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини, од една страна за да се види како ќе тече процесот на имунизација и понатаму за да видат каква ќе биде динамиката со која ќе стигнуваат вакцините од другите инструменти.

– Апсолутно сме отворени и нема ниту скепса, ниту било каков сомнеж во која било вакцина вклучувајќи ја и руската — потенцира Филипче.

РЕКЛАМА

Тој смета дека количината што се очекува од кинеските вакцини е сосем доволна за еден процес на вакцинација што ќе трае четири до шест, седум недели.

– Имаме обезбедено 800 илјади вакцини од Ковакс системот и за исто толку разговараме со компанијата „Фајзер“. Договорот го очекуваме практично секој ден, изминатиот период ни укажуваа дека се под голем притисок од сите земји во светот и тоа во овој момент е разбирливо. Така што, согласно динамиката на најавата за пристигнување на вакцините од другите системи во кои сме аплицирале и согласно динамиката на одвивање на вакцинацијата што ќе започне сега со овие вакцини кај нас ќе размислуваме за други механизми и дополнителни количини. Ќе направиме се што треба и така ќе биде дека откако ќе се почне процесот на вакцинација нема да запре – нагласи Филипче.

Во однос на вакцините што треба да пристигнат од Србија, тој рече дека се уште ги чекаат и двата документи, односно дозволата за извоз од Србија и нашиот драфт документ.

- Реклами -