30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаБратот на убиениот рибар: Лага е дека сме имале земјиште во близина...

Братот на убиениот рибар: Лага е дека сме имале земјиште во близина на Смилковското езеро..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Немаме земјиште во близина на Смилковско езеро. Јас ги имам документиоте од моите родители за целиот имот што го поседуваат, такво зем,јиште нема, ниту јас паметам дека некогаш сме имале такво земјиште.

<

Ова во вечерашната емисија Во Центар, во трогателно интервју, го зборува Цветан Стевковски, братот на рибарот Борче Стевковски, кој беше една од петте жртви на случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Во интервјуто се разговара за новите сознанија, и колку се тие точни, поврзани со мотивите и нарачателите на оваа грозоморно петкратно убиство кое се случи пред девет години.

Стевковски негира дека мотивот за овој случај е земјиштето околу Смилковско езеро кое наводно било во нивна сопственост.

Фактор пренесува дел од ова интервју.

„Кај мојот брат има убиство без сведоци. Претпоставувам дека тоа е некоја голема игра, голема политика“, вели братот на Стевковски.

 

Дали наредниот или понаредниот ден, како што раскажува во интервјуито на Во центар, побарал да го види убиениот брат во капела.

Беше во една соба. Беа сите четири дечиња и мојот брат, беа ставени во лимени сандуци, и покриени со бел чаршав. Тогаш го видов брат ми, но не можев да го познаам, бидејќи сликата беше страшна. Половина глава ја немаше… Од пукањето… Левото око го немаше, нагмеченост… Не можев да го препознаам. Тоа значи дека од блиску пукано, дали со пиштол или со калашњиков, јас мислам со 762. Го познав по тетоважата на левата рака, откако провев го тргна чаршавот. Ги видов и телата на дечињата, кај дел од нив видов изживување, горени со цигари по рацете и нозете.

Одлучивме со другиот брат, кој е сега покоен, да го закопаме во затворен сандак, да го паметат како што го знаат роднините и пријателите. Не дозволивме ни мајка ми и татко ми да го видат. Го закопавме со слика на сандукот“, со солзи раскажува Стевковски.

Не знам како да ги наречам убијците со поинаков збор освен монструм.

Тој вели дека за петкратното убиство сигурно има и мотив и нарачател.

„Нарачателот не го знаеме, а мислам дека еден ден ќе го дознаеме, дај боже да е што побргу да го дознаеме, ќе ни олесни на сите“, вели братот на убиениот рибар.

За повеќе детали наFAKTOR

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...