12.5 C
Ohrid
недела, мај 16, 2021
Почетна Македонија Шилегов: Денес пајак службата ја подигна Алфата на Апасиев, со тоа покажуваме...

Шилегов: Денес пајак службата ја подигна Алфата на Апасиев, со тоа покажуваме дека законот е еднаков !!

Translate (Eng):[gtranslate]

Откако ги нападна вчера, Град Скопје денеска ги отфрли обвинувањата на пратеникот Димитар Апасиев дека скопската пајак служба „работи во спрега со урбаната мафија“.

Од кабинетот на градоначаникот Петре Шилегов испратија соопштение и фотографија со казната.

„Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“. Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса. Пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот, стои во соопштението.

РЕКЛАМА

Се додава дека за службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз.

- Реклами -