6.6 C
Ohrid
сабота, април 5, 2025
ПочетнаМакедонијаOд 1 јули годинава патни исправи со новото уставно име.

Oд 1 јули годинава патни исправи со новото уставно име.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од 1 јули годинава ќе започне издавањето на новите патни исправи на државјаните на земјава со новото уставно име, предвидува меѓудругото Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кој помина денеска во прво читање на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

<

Предлог-законот на седницата помина без расправа и беше даден на натамошно постапување.

Како што образложи повереникот од Министерството за внатрешни работи Весна Доревска, со измените и дополнувањата на Законот се врши усогласување со одредби од Законот за употреба на јазиците, како и усогласување со Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Имено, со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, меѓу другите обврски кои произлегуваат од него, се наметна и потребата од усогласување на обрасците за личните документи на граѓаните што ги издава Министерството за внатрешни работи. За патните исправи како личен документ на граѓаните, се врши усогласување во делот на начинот на печатење на обрасците за патните исправи и начинот на запишување на податоците во нив, со цел сеопфатно усогласување на постојното законско решение со законското решение предвидено во Законот за употреба на јазиците, како во делот на законската имплементација на јазиците на сите етнички заедници во државата, така и во терминолошкото дефинирање на различните категории на граѓани од етничките заедници, на начин кој е утврден во Законот за употреба на јазиците.

Покрај наведеното, предвидено е и усогласување на Законот со Амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија, од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот предвиден во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени.

Обрасците на патните исправи и на визите, се посочува, се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со превод на англиски и француски јазик и нивното писмо. Податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на основно латинично писмо, освен интернационалните ознаки (кодови), што се запишуваат согласно со утврдените меѓународни стандарди.

-Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, по службена должност се печатат и податоците во нив се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, на нивно барање, се печатат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На нивно лично барање, податоците што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Исто така, на нивно лично барање податоците за личното име што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот, стои во Предлог законот.

Предлог законот содржи преодна одредба која предвидува дека патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе важат до рокот на важење кој е наведен во патната исправа, но не подолго од 12 февруари 2024 година. Предложената измена е во насока на усогласување на законот со рокот предвиден во член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени. Законот, според предлогот, треба да влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите

Со линеарното зголемување од 2.500 денари најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо...

Поршето не било на Срѓан Керим, тој само го возел а двете лица кои биле обезбедување на претседелката Давкова кажале дека е службено при...

Срѓан Керим го возел „поршето“ кое било во сопственост на друго лице, велат од МВР Автомобилот марка „порше“ што го возел Срѓан Керим кога непрописно...

Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото “порше” е службено

Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото “порше” е службено Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и...

Нема цијанид во Крива река, утврди државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина утврди дека нема цијанид во водата на Крива река во Паланка, потврди директорката на инспекторатот, Ивана Гиновска на денешната...