2.8 C
Ohrid
понеделник, декември 11, 2023
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не сум задоволен од половина градоначалници во нашата земја.

Заев: Не сум задоволен од половина градоначалници во нашата земја.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција ги наброја општините од чии градоначалници е задоволен како работат, но рече дека, сепак, реакциите на народот ќе бидат пресудни дали тие повторно ќе бидат кандидирани на претстојните локални избори.

– Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати, Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани, Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија, рече Заев.

Тој изјави дека лично ќе застане зад кандидатурите на неколку актуелни градоначалници на локалните избори што треба да се одржат наесен, а овие градоначалници ги спомена како актуелни локални функционери кои повторно ќе бидат кандидати на локалните избори. Не беа споменати градоначалниците на скопските општини и на Градот Скопје, како и градоначалниците на поголемите градови во земјава, но зачудувачи е истакнувањето на успешноста на новиот градоначалник на Штип, кој е на функција само два месеци.

– СДСМ секогаш го слуша гласот на народот и сите што биле добри и служеле добро имаат најголеми шанси повторно да бидат кандидати. Онаму каде што граѓаните не се задоволни ќе има нови. Јас лично ќе застанам зад неколку кандидати, но тоа не значи дека ќе бидат избрани, тоа ќе биде заедничка одлука на органите и телата на партијата, ова е само мој личен став, изјави Заев, кој додаде дека процедурата за кандидирање и селекција ќе биде во мај и јуни, по што одлуката ќе ја донесат органите на партијата.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телма на местото на злосторството – За првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани. За првпат Телма ТВ успеа да дојде...

Јован Митрески,новиот претседател на Сообрание?

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на...

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...