30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев до Мицковски: Космонаутите што ти кажаале дека од месечина се гледало...

Заев до Мицковски: Космонаутите што ти кажаале дека од месечина се гледало дека ќе има нови парламентарни избори те излажале..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Предвремените парламентарни избори но и кревкото праламентарно мнозинство и натаму во фокусот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ тие тврдат дека од месечината се гледа тоа, но Заев не мисли така…

<

 

Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

– Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината и како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата. Впрочем и да има, тие нема ништо да променат, туку само можат да ги закочат развојните проекти – рече Заев, според кого избори треба, мора и ќе се случат во периодот 2024 кога доаѓаат редовните парламентарни избори.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со повторните барањата за предвремени избори од опозицијата, премиерот рече дека веќе го кажал својот став.

– Ќе го повторам одговорот. Земјата наша помина неколкукратно низ фази на вонредни парламентарни избори и само изгубивме од тоа, односно кога се случуваат вонредните избори застанува буквално сè во државата, а најмногу економијата. Се случија огромни работи во државата со сериозни историски одлуки и сето тоа е заради убавата економска иднина која сакаме да ја доживеат нашите граѓани. Повисок економски стандард, повисоки плати, нови работни места, кревање на севкупниот бруто домашен производ во државата, нови инвестиции и буквално еден нов квалитет на живот. Ова мораме сите заедно да го изработиме за да го постигнеме. А може и да го прекинеме со вонредни парламентарни избори. Зошто? – праша Заев на прес-конфренцијата во Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...