12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаСветЕрдоган: Со господ напред, во 2023 година се качуваме на Месечината..

Ердоган: Со господ напред, во 2023 година се качуваме на Месечината..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги објави амбициозните планови на неговата земја за десетгодишна вселенска програма која вклучува мисии на Месечината, турски астронаути во вселената и развој на софистицирана сателитска мрежа.

<

Амбициозниот план на Ердоган беше откриен на свеченост на која тој рече дека Турција „ќе го оствари својот прв контакт со Месечината“ во 2023 година, одбележувајќи ја стогодишнината од формирањето на републиката.

„Со господ напред, одиме на Месечината“, рече Ердоган.

Првата фаза на вселенската авантура на Турција ќе биде соработка со други земји, проследена со мисија со употреба на ракети од турско производство. Ердоган рече дека Турската вселенска агенција (ТУА), основана во 2018 година, планира да соработува со меѓународната заедница во градењето на вселенски аеродром.

„Се надевам дека овој план, кој ќе ја однесе Турција во највисоката лига на глобалната вселенска трка, ќе биде успешно оживеан“, додаде Ердоган.

Додека некои се скептични, други веруваат дека планот ќе го намали одливот на мозоци од турското стопанство и ќе ги охрабри иноваторите да ја зајакнат позицијата на Турција во меѓународната заедница за истражување на вселената.

Ердоган неодамна разговараше со најбогатиот човек на светот, основачот на SpaceX, Илон Маск, а темата беше развој на вселенската технологија со учество на турски компании.

Во меѓувреме, кинеско вселенско летало без екипаж влезе во орбитата на Марс, само еден ден откако истото го стори и летало на Обединетите Арапски Емирати.

Американскиот ровер Perseverance ќе слета на површината на Црвената Планета на 18 февруари и ќе бара знаци на праисториски микроскопски живот и ќе собира примероци што ќе бидат пратени на Земјата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...