14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонија„Дојди Гордана, носи ме од битолската болница“ – ја молел сопругата покојниот...

„Дојди Гордана, носи ме од битолската болница“ – ја молел сопругата покојниот Ице Атанасовски

Да не даде Господ да побарате помош во битолската болница! Вака разочарано и низ солзи вели Гордана Атанасовска од Битола, која денес го погреба нејзиниот 42-годишен сопруг Ице Атанасовски, кој беше музичар. Борбата за живот на Ице траела десет дена во битолската болница, каде, како што вели Гордана, поради негрижа му се влошила здравствена состојба и по четири недели лежење и операција на Клиника за кардиологија во Скопје, Ице починал.

-Ице си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замине. Велат почина од корона. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава. Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше десет дена да откријат дека не му работи срцето.

Цели десет дена некој да венее пред нивните очи, а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, можи е нешто плус. За по десет дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа без да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да ги именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминаа 10 доктори на визита…

Тоа е она што недостасува, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија – Скопје, кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето, даваа се’ од себе еден месец, ама Ице не издржа. Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен шок. И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме..

Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета системска неспособност, што не е партиска, туку е нечовечка. Почивај во мир голем човеку. Тоа што го помина ти, да не се повтори на никој, напиша Гордана на својот Фејсбук профил.

Во разговор за ММС, Гордана кажа и дека несфатливо е што во Болницата во Битола му давале од лекот што се корсти за лекување на ковид- 19 , „Клексан“, кога двата теста му биле негативни. Ице и нивниот син имале корона пред три месеци, но само со мало покачување на температурата и изгубиле мирис и вкус, што поминало за неколку дена. Проблемите со неговото здравје, како што сподели Гордана, сега биле поинакви.

-Ице пред три месеци имаше корона. Со матичниот се слушна по телефон, му ги кажа симптомите, тој му даде антибиотици и помина. Сега велат дека наводно по 21 ден, откако му заврши короната, му настанале компикациите од вирусот. Неколку пати бевме во болница, правевме испитување и не’ враќаа дома, секогаш велеа дека не е ништо страшно.

На трети јануари, по Нова Година, веќе ептен му се влоши состојбата и повторно отидовме во болница, на Заразно, бидејќи не знаевме веќе каде да одиме. Сатурацијата му беше ниска и кога му направија снимка на градите ни рекоа дека има бронхопнеумонија и дека мора да остане во болница. Четири дена го држеа на Заразно. Му направија два теста на корона кои беа негативни, а тие сепак продолжија да му даваат лекарства за корона.

По четири дена го преместија на Интерно, каде продолжија да му даваат „Клексан“. Му се качи шекерот, па му даваа кристален инсулин.

Му даваа по десет инфузии на ден. Тој не мокреше и му откажаа бубрезите. Кога почнавме да инсистираме дека сакаме да го носиме во друга болница, утрото одам и лекарот ми вели: „Госпоѓо, состојбата е критична, има проблем со срцето, има сепса и на двата залистоци на срцето има бактерија“. Веднаш го однесовме на Кардиологија во Скопје, а тие не ни најавиле дека ќе стаса итен случај од Битола.

Толку бил лошо, што доктор Папестиев ми рече дека доколку се оперира шансите да преживее се 40 проценти и доколку не се оперира, до утредента ќе го изгубиме. Операцијата беше успешна, но потоа се’ тргна надолу.

А тоа во Битола не можеа да го видат. Четири недели лежеше на Кардиологија. Цело време беше на машината за прочистување на крвта, му се даде се’ што треба. Во Битола ми рекоа дека најголемиот проблем е во белите дробови, дека има бронхопнеумонија, а во Скопје рекоа дека со нив нема никаков проблем, дека се најздрави, вели низ солзи Гордана и додава:

-Ице вчера бил свесен, сестрата ми рече дури и прашал „зошто сум јас тука“, но потоа наеднаш се влошила состојбата. Во извештајот пишува дека е сепса. Кога се влоши состојбата во Битола, го прашав лекарот зошто чекале толку време, а тој ми одговори: „Ми одбиваше пациентот да го снимам“.

Тој тоа ми го вели, а јас крај Ице бев од утро до вечер, ја работев и работата на чистачките! Не доаѓаа ниту чаршав да му сменат, ниту, пак, да избришат кај што повраќаше. Ги молевме. Јас од дома носев чаршафи за да сменам. Не можеа вена да му најдат. Ги чувам пораките кај што ми пишуваше Ице: „Дојди Гордана, не можат вена да ми најдат, носи ме од овде“.

Имаме синче Андреј, кој не знам како ќе го смирам, бидејќи многу беа поврзани. Искрено, во Битола во болницата состојбата е Бог да чува. Не знам зошто Филипче се’ уште спие. Не знам кај ќе им оди душата на сестрите. Јас ги молев да му донесат сад за да повраќа, а тие ми велат: „Нека повраќа во ќебето“. Немаат душа. Барем малце душа да имаа, ќе се грижеа за пациентите ама не, додава Гордана Атанасовска.

Ице Атанасовски беше кларинетист, член на групата Модус, а последните години придружуваше повеќе повеќе домашни естрадни уметници.

 

Извор: ММС

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...