21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Нема да се вакцинирам во првите, ќе ја почекам втората...

Филипче: Нема да се вакцинирам во првите, ќе ја почекам втората пратка на вакцини..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во земјава засега има 4 680 дози од вакцините на „Фајзер“, кои земјава ги доби вчера од Србија, од каде вкупно треба да пристигнат 8 000
Во среда во земјава почнува имунизацијата од ковид-19, а првите вакцини ќе бидат наменети за медицинскиот персонал на Инфективната клиника.

<

Со оглед дека во голем број земји, каде веќе започна имунизацијата, меѓу првите кои се вакцинираа беа претставници од здравствените власти или други високи државни функционери, прашавме и дали министерот Филипче ќе биде меѓу првите кај нас.

„Министерот за здравство Венко Филипче ќе се вакцинира кога во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини. Министерот остава предност на неговите колеги кои се изложени на голем ризик во ковид – центрите низ државата“,

велат од неговиот кабинет.
Во земјава засега има 4 680 дози од вакцините на „Фајзер“, кои земјава ги доби вчера од Србија, од каде вкупно треба да пристигнат 8 000.

„Со оваа пратка вакцини, имунизација ќе се спроведува само во модуларната болница во Скопје. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови“,

соопштија денеска од Министерството.
Модуларната болница е поставена покрај Инфективната клиника. Таму, во средата во 10 часот, на шест вакцинални пунктови треба да започне имунизацијата. Пунктовите ќе работат во две смени од 8 до 20 часот, а според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на секои 10 минути.

Покрај вработените на Инфективна, меѓу првите ќе се вакцинираат и здравствените работници од ковид-центрите во земјава.

„Во текот на денешниот ден Националниот систем, до ковид-центрите низ државата, испраќа списоци каде се наведени имиња на здравствени работници кои сакаат да се вакцинираат, со точен час и ден кога треба да дојдат да ја примаат вакцината во модуларната болница. Ковид-центрите треба повратно да ги потврдат листите“,

велат од Министерството за здравство.
Филипче и претходно најавуваше дека ќе се вакцинира меѓу првите, но и дека нема да го зема редот пред неговите колеги здравствени работници.

„Во смисла на тоа со која вакцина јас лично би се вакцинирал … Немам резерва кон ниту една вакцина, без намера да ја земам предноста пред колегите кои работат со ковид-пациенти. Во смисла дека вакцините се безбедни и дека не треба да има сомнеж кај граѓаните, јас би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина која ќе пристигне во земјата“,

изјави Филипче пред десетина дена.

360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...