15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев - Подготвен сум да ги дарувам моите органи - оставив аманет...

Заев – Подготвен сум да ги дарувам моите органи – оставив аманет на моето семејство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев денеска, преку видеообраќање, испрати порака до сите граѓани за важноста од донирање органи и ткива како начин за спасување нечии животи.

<

Заев порачува дека дарувањето органи е највисок акт на човечност и хуманост. И тој лично, како што вели, е подготвен на ваков чин за што разговарал со своето семејство и оставил аманет.

Според премиерот, понекогаш, пресадувањето органи и ткива е единствен метод за лекување на болните и за спас на некои наши сограѓани, но најголем проблем претставува недостигот од органи и ткива, кои се соодветни за пресадување и донори.

-Донирањето органи е највисок чин на хуманост. Токму затоа за ова прашање имам разговарано со најтесниот круг од моето семејство и имам оставено аманет дека сум подготвен лично да придонесам нечиј живот да биде спасен. Но, секој од нас може да придонесе. На пример, секој од нас може да се посвети на ширењето на свеста и на едукацијата за донирање органи и ткива. Со едукација и споделување на пораката „Дарувај живот“, може секој ден да правиме по еден чекор за да помогнеме да спасиме и излечиме повеќе животи и да ја почитуваме и славиме дарежливоста и сочувствувањето на донорите. Секако, нашите мисли постојано треба да бидат со оние кои во моментов чекаат на органи за трансплантација и за спас на нивниот живот, но и да се сеќаваме на оние кои починале чекајќи затоа што орган не бил дониран на време, истакнува Заев.

Пресадувањето органи, потенцира Заев, е едно од најголемите достигнувања на модерната медицина и нашите здравствени работници имаат сериозно искуство во оваа дејност.

-Минатото лето, во време кога целото наше внимание, сиот наш здравствен систем е ставен во функција на справување со најголемата глобална здравствена криза заради пандемијата со КОВИД-19, нашите врвни лекари и асистентскиот медицински персонал се обединија и ја направија првата трансплантација на срце од починат донор. Ги здружија капацитетите, знаењата, искуството и стручност за да извршат зафат што претставува круна во кардиологијата и медицината воопшто. Сметам дека тоа е силно охрабрување и за дарителите на органи. Не постои ништо похумано од тоа некому да му го продолжите животот со донирање орган, ниту поголемо охрабрување и надминување на стравовите и дилемите околу донирањето доколку повеќе зборуваме за тоа, вели Заев.

Претседателот на Владата во видеопораката изразува огромна поддршка и солидарност кон оние кои чекаат пресадување органи, како и огромна благодарност кон сите дарители и нивните семејства, кои, како што нагласува, на многу благороден начин го спасуваат животот на другиот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...