15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов: Скопје е традиција, и не може улица да се вика „Јордан...

Шилегов: Скопје е традиција, и не може улица да се вика „Јордан Мијалков, ете го тргнавме и споменикот на Ќосето сега ќе ги тргнеме и галиите, мора урбанистички да се подобриме…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во вечерашното интервју во Дневникот на Сител, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов зборуваше за предлозите за нови имиња на улиците во градот и рече дека сега се создава регистар и од него ќе се извлечат имињата на некои улици кои треба да се променат.

<

– Она што го работиме ние сега е зголемување на регистарот на имиња на улици во Град Скопје. Градот Скопје досега има околу 590 имиња, ние го зголемивме за 570 плус. Значи околу 1150-1160 имиња од кои подоцна се црпат новите имиња. Е сега, градот е традиција, не можете вие на скопјани да им кажете оваа улица е „Аминта“, таа била „Ленинова“ од ’45-та наваму. Не може да се вика „Јордан Мијалков“, таа е „Железничка“ – појаснува Шилегов.

Вели дека градските власти мора да се прилагодат на навиките на граѓаните кога носат вакви одлуки.

Шилегов појаснува дека ова е процес што траел една година каде граѓаните можеле да достават свои предлози за имиња на улиците.

– Сите предлози на граѓаните беа внесени и се дел од овој регистар. Комисијата утре заседава и дефинитивно ќе го оформи (ставот) заради некои реакции што ги имаше – рече Шилегов.

Тој вели дека градот се менува, се гради и во урбанистичка и во инфраструктурна смисла, и за ова разговарал со граѓаните кога бил избран за градоначалник.

– Го тргнавме споменикот на Ќосето од пред судот, при крај е отстранувањето на трите галии во Вардар, но жал ми е што некои работи стојат, кои не зависат од нас – вели Шилегов.

Појасни, дека иако Законот бара од граѓаните да ги сменат податоците во личните документи доколку има промена на адресата, сепак, Шилегов вели дека тоа ќе биде направено, откако ќе им истечат личните документи, со следната редовна промена.

Исто така, тој зборуваше и за автобуското метро, нешто што Скопјани го очекуваат подолго време.

– Што се однесува до брзиот автобуски транспорт, ако Собранието го изгласа овој закон, ние ќи пуштиме тендерските огласи. И ако сѐ биде во ред, до крајот на 2022 година, ќе биде реализирана првата линија – рече Шилегов.

плусинфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...