16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаУбиен италијанскиот амбасадор во ДР Конго

Убиен италијанскиот амбасадор во ДР Конго

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во напад извршен врз конвој на ОН денеска загина амбасадорот на Италија во ДР Конго.

<

Нападот се случил утринава околу 9 часот по македонско време во градот Гома, главен град на провинцијата Северен Киву и пограничен град со соседна Руанда.

Целта на напаѓачите била да ги киднапираат дипломатите, а откако не успеале во намерата отвориле оган. На лице место загинале две лица, италијанскиот амбасадор Лука Атаназио и еден припадник на Карабинерите.

„Со огорченост и голема болка ја примив веста за смртта на нашиот амбасадор во Демократска Република Конго и еден припадник на Карабинерите. Две личности кои беа во служба на нацијата се насилно убиени додека ја вршеле својата должност. Сѐ уште не се јасни настаните околу овој брутален чин и нема да штедиме напор за да се расветли што се случило. Денес нацијата ја оплакува загубата на двајца нејзини синови кои беа за пример, сочувствуваме со нивните фамилии, нивните пријатели и колеги од Министерството за надворешни работи и Карабинерите“, изјави Луиџи Ди Мајо, италијанскиот министер за надворешни работи.

Во овој краен источен дел на ДР Конго се наоѓа Националниот парк Вирунга кој е честа мета на разни терористички групи кои оперираат на тромеѓето помеѓу ДР Конго, Руанда и Уганда и често ги напаѓаат локалните ренџери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...