20.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Тоа што си кажува Мијалков се приказни за мали деца, и...

Заев: Тоа што си кажува Мијалков се приказни за мали деца, и немаше тој температура туку јас имав 40 кога дознав што направил !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев објави вечерва дека појавува

<

њето на Сашо Мијалков не е случајно и дека тоа е резултат на коордираните акции на институциите. Тој потврди дека Мијалков избегал, но кога се соочил со последиците се вратил самиот бидејќи немал друг избор.

-Никако не треба да се смета за олеснителна околност ни за овој, ни за друг случај. Не треба да се заборави дека Мијалков избега, рече Заев.
За тоа што се случи бегството, според него, секако ќе следи одговорност.

-Компромис за правда нема и нема да има, ако си грешен ќе одговараш, му порача Заев на Мијалков и на сите други.
Според него била организирана масовна потрага, по сите објекти каде што можел да се сокрие, биле затворени сите излези и гранични премини, а биле испитувани и неговото семејство и членови на обезбедувањето бидејќи организирање и помагање на бегство е кривичено дело.

Тој нагласи дека во куп предмети тој е осомничено лице и дека тоа отвора простор за блокирање на сметките и на имотот.

Самите институции не го нападнаа Мијалков, тој самиот се пријави, рече Заев, додавајќи дека не играл мајтап туку бил принуден да се пријави откако се соочил со можноста да одговараат неговото семејство и обезбедувањето и да му се блокира имотот.

-Очекувам истрага до крај. Институциите покажаа дека учиме од бегството на Груевски и можеме да настапиме координирано и, ако секој притоа ја заврши работата ќе го најдеме полесно, рече Заев.
Адвокатите на Мијалков, соопшти тој, биле неколку часа во Јавното обвинителство пред да се пријави.

-Факт е дека за 40 часа откако избега го најдовме, рече Заев нагласувајќи дека млад човек ако сака има каде да се скрие, но ова е голем успех за државата.
За него приказни за мали деца се тврдењата на Мијалков денес дека имал температура.

-Немаше тој туку мене ми се качи температурата 40 степени, рече Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...