16.9 C
Ohrid
сабота, јуни 19, 2021
Почетна Македонија Заев: Видовте и сами, правдата е обезбедена, а ќе ја има и...

Заев: Видовте и сами, правдата е обезбедена, а ќе ја има и повеќе и почесто!

Translate (Eng):[gtranslate]

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил нашиша дека Сашо Мијалков се пријавил во Обвинителството.

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!
Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!
Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана, напиша Заев.

РЕКЛАМА
- Реклами -