19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМиленко, Пандов и екс-судијата Панчевски уапсени на забава после дозволеното врме по...

Миленко, Пандов и екс-судијата Панчевски уапсени на забава после дозволеното врме по повод пензионирањето на Миленко

На забава по повод пензионирањето на новинарот Миленко Неделковски организирана во кафеана во село Стајковци, поради пречекорување на дозволеното време за работа на угостителски објект и присуство во истиот, биле уапсени споменатиот Неделковси, Александар Пандов и разрешениот судија и бивш претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Дури 18 лица присутни на журката се приведени во полициската станица Гази Баба поради прекршување на протоколите. Односно од МВР дека постапувале по пријава поради престојот на гостите во локалот по дозволеното време до 21 часот.

– Полициски службеници заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршија контрола кој што е во сопственост на С.П и А.П, при што во објектот биле затекнати 18 лица. Овие 18 лица се приведени во полициската станица гази баба за понатамошна постапка поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, вели Сузана Прањиќ од МВР.

На прославата бил и претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов кој ја потврди случката за Канал 5. Според него целата ситуација се одвивала околу 21:30 часот. Тој вели дека никој во кафеаната не ги предупредил дека останале повеќе отколку што е дозволено, а доброто расположение довело до тоа да изгубат чувство за тоа колку е часот, додавајќи дека ќе сноси одговорност доколку дошло до прекршување на законот.

-Можеби нешто пред 9:30 часот влегуваат внатре, мислам дека имаше 50-100 полицајци, надовор 5 марици и ја помислив во прв момент дека некое убиство се случило или не знам какво кривично дело. Потоа кажаа дека до 9 часот работеле објектите и сме направиле престап. Од тие причини бевме поканети во полициска станица гази баба каде што крајно учтиви беа полицајците, дадовме изјави и тоа е тоа, вели Александар Пандов.

Според информациите во друштво на Неделковски и Пандов биле уште неколку лица познати на јавноста. На прославата се приведени поранешниот претседател на кривичниот суд Владимир Панчевски и Александар Митовски новинар. Во кафеаната биле уште десетина лица, а некои по пристигнувањето на полицијата успеале да избегаат. Акцијата е спроведена по иницијатива на државниот пазарен инспекторат, информираше директорот Стојко Пауновски. Тој вели дека досега имале неколку дојави дека во кафеаната се одржуваат забави по 21 часот, но кога инспекторите се појавувале тие веќе биле завршени.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...