12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаMПЦ ве предупредува: Внимавајте на фејзбук има лажни страници кои шират поделби...

MПЦ ве предупредува: Внимавајте на фејзбук има лажни страници кои шират поделби и ерес

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владиците на МПЦ-ОА се оградија и дистанцираа од неколку фејсбук страници преку кои изминатиов период се шират дезиформации и лажни вести, под некаква закрила за заштита на православието.

<

Во основа станува збор за фејзбук профили со црковни имиња, кои имаат за цел да ги доведат во заблуда верниците и да предизвикуваат поделби и недоверба во црквата. Во таа група влегуваат фејсбук профилите Слово против сектите“, „Соборно православие – анaлизи“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“, „Слово Божјо“, „За последните времиња“, „Симон Киринејски“, „Манастир Св. Гаврил Лесновски“ и некои други

На последната Синодска седница, владиците на МПЦ-ОА одлучиле да ги повикаат верниците да не им веруваат на инфоарциите кои се споделуваат преку овие профили на социјалните медиуми, посочувајќи дека зад нив стојат лица кои имаат за цел да им наштетат на црковните интереси на МПЦ-ОА.

-САС на МПЦ – ОА со голема загриженост ја разгледа појавата на антицрковни тенденции, кои, свесно или несвесно, го нарушуваат единството и чистотата на правoславната вера, како и духовниот и канонски поредок. Ваквите пројави главно се демонстрираат на социјалните мрежи, каде што преку духот на осудата, а за некакво божемно „отстапување од светите канони“ се дава повод за соблазна на верниот народ. Оние што стојат зад платформите: „Слово против сектите“, „Соборно православие – анaлизи“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“, „Слово Божјо“, „За последните времиња“, „Симон Киринејски“, „Манастир Св. Гаврил Лесновски“ и некои други, љубовно се повикуваат да го напуштат клеветничкиот и соблазнувачки дух и да се вратат во послушание кон Светата Црква, стои во соопштението на МПЦ-ОА.

религија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...