12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПрво гласаше за промена, а сега бара да се врати името Република...

Прво гласаше за промена, а сега бара да се врати името Република Македонија..

spot_imgspot_img

Професорот Ферид Мухиќ, кој и покрај спротивставувањето на промената на името
на Република Македонија на крајот гласаше како независен пратеник во
претходното парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, сега се залага за
негово враќање!

„Колку и да е политички ризична одлуката на МАНУ да не прифати промена на
своето име според Преспанскиот договор, сепак – коцката е фрлена! И тоа е добар
знак! Претпоставувам дека ќе има реакција од Грција, во насока на притисок за
(пре)доследно спроведување на Преспанскиот договор, можеби и ќе ги намали
симпатиите на меѓународната заедница поради изразениот отпор спрема договорот…
но ако се издржи доволно долго на таквата одлука, можеби и навистина ќе иницира
процес на преиспитување на договорите, па и креирање на нови, поправедни
договори за Македонија.

Секако, треба да се биде свесен дека тоа ќе трае долго и
ќе биде тешко, но потребно е започнување на некаков процес на враќање на
името на националните институции, па и на државата… на нешто што со
политички притисок ни беше одземено. Потребно е сериозно да се преиспитаат овие
соседски договори и покрај притисоците што се очекуваат, да се бараат нови
договори, чие спроведување ќе биде условено со полноправно членство на
Македонија во ЕУ“, вели универзитетскиот професор по филозофија за весникот
„Нова Македонија“.
Непосредно пред гласањето за Преспански договор, со кој беше сменето името на
македонската држава, Мухиќ ќе изјави: „Договорот со Грција за промена на името е
лош. Тоа и досега неколку пати го реков. Постојат сериозни проблеми, тоа е
неоспорно. Затоа се вели дека е горчлив. Но, не можеше ништо повеќе да се
направи. Ако ова сега не се усвои, тоа ќе мора да го стори некоја друга влада“.
„Извонредно добро би било да се види големината на овој настан, ако сите 120
пратеници гласаат за ова. Тоа навистина би било прекрасно и практично можно. Но,
внатрешните кочници, инхибицијата нема да го дозволи тоа. Но, го следам патот на
разумот и совеста. Недвосмислено е дека прифаќањето води во живот. Голема е
радоста и чувството за привилегијата што ја имам да бидам дел од луѓето што ќе гласаат за овие промени“, додаде Мухиќ пред собраниската седница на 15 октомври
2018 година, две недели откако на пропаднатиот референдум две третини од
македонските граѓани со бојкотот јасно кажаа „не“ за промена на името на
Република Македонија.

Еxpres.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...