22.9 C
Ohrid
среда, јуни 23, 2021
Почетна Македонија Се огласи повторно Наум Петрески: Брзо сте заборавиле кој сум и колку...

Се огласи повторно Наум Петрески: Брзо сте заборавиле кој сум и колку имам помагано, а вие веднаш ме осудивте за изјавата дека живеам со платата на мојата сопруга !!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Кризата поради пандемијата економски не погоди, откако трае забраната за настапи живееме со платата на сопругата Зуица, со пензијата на мајка ми и со она што сме го заштедиле. Јас оваа година имам загуби од околу 60.000 до 70.000 евра – е изјавата од пред неколку дена на популарниот фолк пејач Наум Петрески, која се најде во центарот на вниманието и предизвика низа на реакции од јавноста.

Додека едни покажаа разбирање поради лошата состојба во која се најде естрадата, голем е бројот и на оние кои на Петрески му порачаа да престане да се жали и да си најде друга работа додека трае кризата.

Честите коментари во кои граѓани му предлагаат да се вработи како молер или пак такси возач, додека е актуелна забраната за настапи во угостителски локали, но и пораките дека сега е време кога треба да се зачува здравјето, и на народот не му е дојдено до забава, Наум вели дека повеќе не ги ни чита.

РЕКЛАМА

За ФОКУС раскажува дека кој не сака да слуша македонска музика, што се однесува до него, може да си слуша странска, и е изненаден што дошло време кога, како што вели, е напаѓан поради тоа што цел живот инвестирал во домашната музика.

-Повеќе не ги читам лошите коментари во кои ме напаѓаат. Никогаш не сум сакал да се експонирам, ниту пак ми требал публицитет, но многу бргу се заборава кога човек помагал, донирал, пеел хуманитарно.
Средствата одобрени од државата како помош на естрадните работници ги донирав. Донирав систем за нуркачкиот клуб ,,Охрид” од Охрид и детергенти за манастирот Света Пречиста во Кичево. Секогаш донирам во кујната за сиромашни и бездомници во Света Петка. Тоа го правам од се срце и мислам дека нема зошто јавно да го кажувам и потенцирам, но ете кај нас, очигледно има народ кој едвај чека некого да нападне. Чесните со векови страдаат од таквите – вели Петрески.

Додава дека бил крводарител околу 35 пати, а исто толку години е и дел од сцената.

-Ја давав мојата крв, како што и целиот мој живот го дадов за македонската музика. Колку што сум помогнал во овие 35 години, не може ни да се напише, нема толку страници во тетратките. Да знаев дека ќе дојде вакво време, дека ќе бидам мета на вакви напади, поради тоа што сакам чесно да го работам тоа кое најдобро го умеам и е мојот живот, пеењето, сигурно дека ќе инвестирав во некоја друга професија, фабрика ќе отворев. Ова е тежок период за естрадните уметници, но нема потреба од сите оркестрирани напади врз нашата фела. Никој никого не го натерал на сила да слуша тоа што не сака. Ги блокирам сите кои ме напаѓаат, јас сум позитивна личност и се тргам од негативната енергија. Жално е што дочекавме вакво време, да се надеваме дека кризата наскоро ќе биде зад нас – порача музичарот.

Вики КлинчароваФОКУС

- Реклами -