13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарите ќе ги имаат сите права -Ако треба и ќе го смениме...

Бугарите ќе ги имаат сите права -Ако треба и ќе го смениме уставот да ги запишеме како посебна етничка заедница

-Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот,Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 .

На прашањето на новинарот дека во тој случај ќе треба да се менува Уставот, Османи одговори оти нема резерви да бидат споменати како посебна етничка заедница.

-Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на било која страна, рече Османи.

На прашањето дали Бугарија има побарано такво нешто, вели не. -Јас не сум чул. Немаат побарано такво нешто. Не сме разговарале за ова, додаде Османи.

Османи во средата, во врска со реакциите за правата на бугарската заедница во Северна Македонија, побара претставниците на бугарските здруженија во земјава да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел, како што рече,  утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа заедница, што според него, би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата.

На тоа реагираше директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски, кој во изјава за МИА рече дека во сите пописи од ’48 наваму имало код за бугарска етничка припадност. -Имаме податоци во однос на таа етничка припадност и ќе има и понатаму. Кој како ќе се произнесе е исклучиво негово право и ние не смееме да влијаеме, рече Симовски во средата.

 

 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...