29.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Јас имам информација кога ќе стигнат првите вакцини ама како да...

Заев: Јас имам информација кога ќе стигнат првите вакцини ама како да ја кажам, што ако не стигнат?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На новинарско прашање за тоа кога ќе стигнат првите вакцини премиерот Зоран Заев кажа дека секој момент очекуваат информација кога ќе стигнат првите вакцини. Тој кажа дека има информација дека во недела ќе пристигнат првите 3.000 вакцини преку ДХЛ јавува Сител.

<

Се очекува министерот за здравство заедно со амбасадорот да ги пречекаат и веднаш да ги пуштат во промет.

Премиерот напомена дека вчера се потврдени 21.000 вакцини од Фајзер, договорот е стигнат и се очекува првата пратка да пристигне до крајот на месецот.

Во меѓувреме и од КОВАКС системот е пристигната информација дека до крајот на првиот квартал ќе стигнат првите количини вакцини, најверојатно меѓу 20.000 и 30.000. Со ова во март месец почнува масовната вакцинација во која покрај здравствените работници како што е по протоколите ќе се вакцинираат и возрасните граѓани и граѓаните со хронични болести, кажа Заев.

 

 

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...