24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМедицинска сестра за операција на пациентите им барала мито од 300 евра,...

Медицинска сестра за операција на пациентите им барала мито од 300 евра, бонбониера и пијалок

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28.09.2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, од синот на пациентка која требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката“, ги открива деталите обвинителството.

<

Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​​

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...