15.9 C
Ohrid
сабота, октомври 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМерко: Јас му кажав на премиерот Заев, во Струга нема дивоградби-Охрид е...

Мерко: Јас му кажав на премиерот Заев, во Струга нема дивоградби-Охрид е влезен во езеро.

Премиерот Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, синоќа остварија средба со градоначалниците на Општина Охрид, Константин Георгиески, на Општина Струга, Рамиз Мерко и на Општина Дебрца, Зоран Ногачески. На средбата Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот Регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.

Сепак, општина Струга не се сложува со таквиот став. Првиот човек на општината, градоначалникот Мерко, во телефонски разговор за „NEWS1“ на прашањето дали во Струга се точно прецизирани градбите кои требат да се рушат и дали во Струга има многу градби кои треба да се рушат одговара дека тоа не е случај.

– Зошто зборувате за рушење. Јас кажував за градење, не за рушење. Зборувавме, но дефинитивно немам став. Воопшто нема градби за рушење. Му кажав на премиерот и секогаш му велам дека во Струга нема градби за рушење. Охрид е влезен во Езеро, ние немаме, ние сме ограничени со регионалниот пат и во делот заштитена зона јавен имот во никој случај не смееме да градиме и не градиме, категоричен е Мерко.

Во Општина Охрид, пак, е направен список со плажи (објекти) кои треба да се отстранат од брегот на езерото и тоа по редослед според тоа која плажа најдолго работела без договор со државата.

Деновиве од општината биле испратени известувања до лицата кои се третираат како сопственици на овие нелегални објекти во кое се информираат дека објектите треба да ги отстранат сами бидејќи во спротивно ќе им бидат урнати и ќе треба да платат за трошоците од уривањето и депонирањето на градежниот отпад.

Инаку, вчера Владата го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство и ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија да го достави Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, најдоцна до 25 февруари 2021 година.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечно ќе го паметиме по песната Дебрцо ти си борбена- На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски.

На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски. Важеше за посветен учител, но и риболовец и ловец. Песната го одбележа неговиот...

Кривична пријава за екс директорот на ЈП „Национални Шуми“ подружница „Галичица“ Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од селото Велмеј, општина Дебрца, и З.Ж.(59) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонскиот каратист Дејан Недев освои бронзен медал во кати на светскиот карате шампионат во Аргентина

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати поединечно на ИКУ светскиот карате шампионат кој се одржува во Буенос Аирес, Аргентина. Недев во...

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка,...