16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаТања Кочовска: Кога сите мислеа дека ми е идеално, јас живеев под...

Тања Кочовска: Кога сите мислеа дека ми е идеално, јас живеев под кирија и чистев за да заработам !!! (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога летоска на социјалните мрежи актерката Тања Кочовска објави дека мајка ѝ се изгубила во Градскиот парк, многумина тогаш дознавме дека Невенка Кочовска, познатата музичка дива од „Мањифико“, има Алцхајмерова болест. Тања вели: „Тоа е болест на целото семејство оти сите минуваме еден тежок период. Единствено што не заборавила – не само убаво да пее, туку и школски точно да нè поправа кога грешиме. И јас тогаш ќе ѝ речем: ‘Ама ти имаш или немаш Алцхајмер’“, вели Тања Кочовска.

<

Ова е само дел од интервјуто за „Репортер“ во кое таа зборува за сè. За љубовта со Предраг, која почнала во Театарот за деца и младинци, до ноќта, кога во пет часот во кафеана, ја побарал за жена: „Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш“, искрена е Тања.

„Ама, ете, се зедовме. Ме нервира често оти е многу смирен, не знае да пее, ама тоа ти е, 25 години сме заедно“, низ насмевка раскажува Тања.

Низ разговорот дознавме многу: Од тоа кога во екот на најголемата популарност на „Макфест“, кога сите мислеле дека сè ѝ е идеално, а таа била скарана со домашните, па живеела под кирија и чистела за да заработи, до денес кога е мајка на Александар и Нела, за кои вели: „Никогаш нема да дозволам да се скараат“. Зошто мајка ѝ ја оставила на шест месеци, а ја видела на една година, како е да се има и маж и колега, дали „Твојте очи мој сине“ е за бившиот маж или така се совпадна, од каде е толку еластична за да прави во вода салто мортале…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...