17.9 C
Ohrid
понеделник, септември 27, 2021
Почетна Македонија За Водици полицијата во Охрид делеше казни, а денес за жените каранфили.

За Водици полицијата во Охрид делеше казни, а денес за жените каранфили.

Translate (Eng):[gtranslate]

На 19 јануар капачите кои скокаа по светиот крст од охридската полиција добија по 20 евра, но не парична награда туку казнен налог за неносење маска. Денес полицијата беше понежна, наместо казни на жените шофери им делеше каранфили 🙂

По повод денот на жената – 8 Март, а под мотото „Жените возат одговорно“, денеска, припадниците на сообраќајната полиција од подрачјето на СВР Охрид, спроведоа едукативна кампања во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

 

РЕКЛАМА

На жените учеснички во сообраќајот тие им подаруваа цвеќе, едукативни флаери, миризливи освежувачи за автомобил и маски за лице.

Акцијата беше реализирана во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и оделенијата за превенција, информира СВР Охрид.

 

- Реклами -