-1.1 C
Ohrid
петок, декември 8, 2023
ПочетнаМакедонијаПарична казна или затвор до една година за физички лица кои не...

Парична казна или затвор до една година за физички лица кои не го почитуваа полицискиот час

Парична казна или 3атвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица, предвидува Кривичниот законик за непочитување на полицискиот час што со одлука на Владата ќе трае од денеска до 22 март од 22 часот вечерта до 05 часот наутро.

Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Тоа е регулирано со член 206 од Кривичниот законик.

Во ставот 1, е пропишано дека секој што за време на епидемија не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Во ставот 2, пак, се вели дека ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна, која може да биде до милиони денари.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Агелер најави нови имиња: Македонија се соочува со епидемија од корупција

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на црната листа можат да пријават незадоволство, но во секој случај ние...

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...