29.9 C
Ohrid
вторник, јуни 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЛазаров: Им приредивме шок на Данците

Лазаров: Им приредивме шок на Данците

Македонија славеше против Данска со 33-29 и веќе го обезбеди своето место на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Селекторот Кире Лазаров по мечот беше задоволен од изданието на неговите избраниците.

-Прво и основно, сакам да им се заблагодарам на моите играчи, моите соиграчи, што го испочитуваа тоа што го дговоривме. Благодарност и до мојот стручен тим, кој ми помогна да се подготвиме подобро за овој натпревар. Иако е ова нов предизвик за мене, иако не е психички лесно, чувствува позитивна енергија, дури бев спремен и да одиграме послабо и да изгубиме, но најважно ми беше договореното да се испочитува и момците го направија тоа, па заврши како што заврши. Одигравме храбро, имав храброст да почнам со помладите иако се оспорувани, но така ќе биде понатаму ќе им давам шанса бидејќи јас верувам во нив, можеби малку психолошки им треба малку да ја подгинат самодовербата. Ако им дадеш задачи, тие знаат да играат и ако ги насочиш, најважно е дека знаат ракомет. Најважно е што јас сум цел живот напаѓач, но овие неколку денови инсистирав само на одбрана, одбрана и одбрана. Јас цел живот напаѓам добра одбрана, мора да ја имаме и ние и добриот резултат тргнува од одбраните. Среќен сум и горд, за нас и за цела Македонија, и за вас како медиуми, затоа што со нас сме имале добри и лоши моменти, што сме ги доживуале заедно. Стојам цврствто на земја, и знам дека ова е иницијален импулс дека треба да работиме многу. Да прославиме, заслуживме, ќе видиме како ќе се подготвиме за дуелот во Данска. Мислам дека ова е шок за нив. Благодарност до целата македонска јавност, бидејќи најголемата поддршка е токму од нив и чувствувам обврска да се заблагодарам што веруваа во нас и дека може да направиме нешто. Ова е само почеток, го знам нашиот менталитет, најважно е да се пласираме, за друго ќе видиме, вели Лазаров.

Тој ниту на сон не помислувал дека во еден момент ќе водиме против светскиот првак осум погодоци.

-Ни во еден момент не верував дека ќе имаме осум разлика, но верував дека можеме против нив затоа што добро ја анализиравме Данска со Миркуловски, Ангеловски, Црвенкоска и Јоновски. Секогаш бевме во контакт, дури и кога бевме во различни држави и до детал ја анализиравме Данска. Не им дозволивме да трчаат и затоа што сум среќен што успеавме, продолжува Лазаров.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Данска, но на гостински терен во Алборг.

-Ова е големо олеснување и за мене, не сакам да се доведам како селектор да зависам на 2 мај од Швајцарија. Сега малку поинаку ќе размислуваме, да придобиеме уште некој играч, за кога ќе дојде ЕП, да можеме да одиме со ростер од 20 еднакво квалитетни играчи. Целта ќе биде таму да го надоградиме тоа што го започнавме овде и ќе им дадам шанса на други играчи да почуствуваат како е против светскиот првак, заврши Лазаров.

Извор: 24 Ракомет

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Веќе втор ден се трага по Злата Јанкова (45) од Свети Николе-Со такси тргнала да си оди, но не стигнала дома..

Веќе втор ден се трага по Злата Јанкова (45) од Свети Николе, која во неделата околу 15 часот тргнала да си оди дома, во...

Четири и пол часа траела операцијата на ПСС за извлекување на телата на сопружниците од Ресен кои загинаа во страотна сообраќајна незгода !

Четири и пол часа траела операцијата на Планинарската спасителна служба за извлекување на беживотните тела на сопружниците од Ресен кои со своето возило излетале...

Фондот пак го одби Леонид да му даде пари за лекување, објави Андоновски

Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски, објави дека Фондот за здравство одново донел решение со кое одбива да го плати лекувањето на Леонид Индов во Виена....

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември...