25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаИвановска: Можеби нема грешка во случајот со родилката во Струга- Вели претседателката...

Ивановска: Можеби нема грешка во случајот со родилката во Струга- Вели претседателката на Антикорупциска.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателката на Антикорупциската комисија за случајот со родилката од Дебар, која остана без три органи, бубрег, матка и јајник во гостувањето на Сител вели дека нејзината институција не може да постапи за предметот, бидејќи Јавното обвинителство работи на негово расветлување.

<

Меѓутоа, таа постави неколку дилеми во јавноста за случајот, со оглед на тоа што Лекарската комора при стручниот надзор не утврди никаква докторска грешка од страна на директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани.

-Се прашувам, прво, што гарантира на докторот? Еве, Лекарската комора не утврди грешка. Па може и нема грешка, има намера, има лоша намера. Тоа е сѐ смислено и немарно направено. Не може некој да влезе и да излезе без органите. Ќе го повторам прашањето: Што гарантира лиценцата? Дали лиценцата на еден доктор гарантира дека тој е стручен, професионален и оти тој обезбедува сигурност и безбедност на пациентот? Па сега после вакви настани колку пациентите ќе бидат безбедни и да одат во болница и после анестезија, кога ќе се разбудат ќе бидат со сите органи? Навистина ова нема никаква логика, нема никаква смисла, вели Ивановска.

Вели дека е најважно е што точно вештачела Лекарската комора во случајот.

-Дали само породувањето? Дали вадењето на органите настанало после тоа? Можеби тие го земале, правиме претпоставки, делот само за породувањето – ја примиле, ја породиле и тука завршил процесот. Можеби отстранувањето на органите е после тоа настанато? Дали тие го земале целиот процес од влегување до излегување од болницата?, прашува Ивановска.

Според претседателката на ДКСК,  Асани не бил лојален на институцијата со која раководи бидејќи имал сопствена илегална ординација во сопствениот дом.

-Кој нас ќе не увери дека не си ги префрла пациентите во дивата ординација? Тој не заслужува да биде раководител на таа институција и овој дел има судир на интереси и може да се вклучи нашата Комисија, вели Ивановска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...