14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи телохранителот на Заев: Ги отфрлам сите шпекулации дека сум учествувал...

Се огласи телохранителот на Заев: Ги отфрлам сите шпекулации дека сум учествувал во денешната тепачка во која вработена во казино беше нападната со секира.

Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања, напиша Александар Трајков на социјалните мрежи.

Aлександар Трајков, познат како Сашко Сали, кој е телохранител на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се огласи на својот Фејсбук профил и ги демантираше пишувањата на некои медиуми дека тој бил вмешан во бруталната тепачка што се случи денеска во центарот на Струмица.

„Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека ‘нападнатите лица‘ на видео снимката не биле само двајца туку биле дваесетина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во казино со дрвја, камења и со ладно оружје“, напиша тој на социјалната мрежа.

Утрово се појави снимка на која се гледа како десетина луѓе брутално тепаат еден чивек во центарот на Струмица.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...