21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаКаракачанов: Ако не сакате Васил Гарванлиев да ве претставува вас, до година...

Каракачанов: Ако не сакате Васил Гарванлиев да ве претставува вас, до година ќе си го земеме ние и ќе го испратиме на Евровизија…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Партијата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, ВМРО, денеска објави соопштение во кое се вели дека пејачот Васил Гарванлиев следната година би можел да ја претставува Бугарија на Евровизија доколку Македонија го повлече од овогодинешниот настап, пренее бугарската агенција БТА.

<

„Евровизија е натпревар во пеење за слободни и за талентирани млади луѓе. Сè што се случува со претставникот на РС Македонија на Евровизија, Васил Гарванлиев, не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее. Ние од ВМРО нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и скоро 100.000 наши браќа таму“, наведено е во соопштението на бугарската политичка партија ВМРО.

И, ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, наведено е таму, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година.

„Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволиме воинствен србомакедонизам во ЕУ“, се вели во дел од соопштението на партијата предводена од бугарскиот министер за одбрана која е дел од владеачката коалиција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...