16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаКонечно му се насмевна среќата на 23 годишниот Љупче Смилев: Од утре...

Конечно му се насмевна среќата на 23 годишниот Љупче Смилев: Од утре започнува на работа, а неговиот син ќе биде згрижен во градинка, благодарение на градоначалникот Сашко и хуманите луѓе кои помогнаа…

Љупче Смилев е 23-годишен самохран татко, отсекогаш сакал семејство , не пораснал во семејство со мајка и татко и спиел по улици и домови за деца без родители.

Мајка му го оставила на 5 месеци и никогаш повеќе не се вратила, живеел колку толку добар живот се до 2012, кога баба му починала.

По тој момент тој и неговиот татко запаѓаат во тешка финансиска ситуација, немале ни за храна ни за основни услови. Татко му за да има да го прехрани бил принуден на кра жба, но таквите работи го ставиле зад решетки.

-Кога татко ми заврши зад решетки, ситуацијата стана многу полоша, моравме да го продадеме станот поради долгови, јас на 13 години морав да одам во малолетни домови, сменив неколку бев во Струмица, па потоа во домот ,,25 мај” во Бутел.

-Откако станав полнолетен го напуштив домот, имав ветувања од социјалните служби дека ке ми најдат покрив над главата, но кога дојдоа да ме посетат ми рекоа ,,што правиме сега со тебе”, ми рекоа да се снајдам како знам и умеам.

-Останав во Скопје уште месец-два кај некој пријатели, но потоа се вратив во Штип и спиев по улици цела година, народот ме гледаше со други очи, никој не сакаше да ми помогне, не сакаа да ми дадат ни корка леб, често бев гладен, низ солзи вели Љупче.

По овие моменти тој нашол работа, се вработил на стадионот во Штип како чувар, животот му се подобрил, но набргу дошло ново раководство во клубот и го набркало. Повторно завршува на улица, но не чекал многу и нашол нова работа овој пат во авто перална. Во договор со газдата таму и работел и спиел.

И кога помислил дека овде ќе се задрже, по саму 6 месеци авто пералните морале да се срушат и морал да замине. Очајно поднесува документи за работа во штипската болница, и за среќа бил примен. Таму ја запознава Ирена со која започнува врска и која ќе му го роди неговиот син Андреј.

-Се одеше како што треба, планиравеме и да се венчаме, тогаш го добив најскапоцениот подарок во мојот живот, се роди син ми Андреј, тој момент неможам да го опишам, летав од среќа. Почнав да барам стан под кирија за подобро утро за синот.

-Мислев дека животот ми се средува, бев среќен, но тогаш почна да се случуваат немили работи. Кога јас ќе заминев на работа, Ирена го оставаше 5 месечното бебе само дома и излегуваше. Влегла во лоши друштва, не се знаеше кога оди кога доаѓа, не дојде ни на неговиот прв роденден и еден ден си замина за секогаш, оставајќи ме мене со синот

-Често си доваѓаше во раните утрински часови, беше пријавувана и во полиција како исчезната, беше недостапна на телефонот, зема додаток за детето но не му купила ниту лижавче ,за да на крај го напушти мојот син и внук, вели таткото на Љупче

Пред неколку месеци Љупче преку социјалните мрежи стапил во контакт со неа, но тогаш таа му дала суров одговор.

-Сега околу нова година стапив во контакт со неа на ,,Фејсбук”, и ми рече дека за неа јас и синот веќе не постоиме, детето се разболе пред некое време, бев во болница требаше да остане да лежи, ме прашаа каде е мајка му, бидејќи само со неа може да остане таму, ми го вратија детето дома да го лечам, низ солзи вели Љупче….

После оваа објава хуманите граѓани му овозмножија храна за неколку месеци, облека, телевизор, мирковална, и други неопходни работи за неговото малечко. Градоначалникот на Штип му пронајде работа исто на Љупче а неговото детенце додека работи ќе биде згрижено во градинка.Нема достапен опис Нема достапен опис

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...