16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаМРТ одлучи: Васил Гарванлиев останува македонски претставник на Евросонг 2021

МРТ одлучи: Васил Гарванлиев останува македонски претставник на Евросонг 2021

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија на 19-ти март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на годинешниот македонски претставник за Избор на песна на Евровизија како и изјавите на претставникот Васил Гарванлиев.

<

Притоа, било утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ.

Одлуката за избор на Васил Гарванлиев за македонски претставник на Евросонг 2020 била по пат на интерна селекција, според моделот еден претставник/една песна, како резултат на препораките и сугестиите од дебатата организирана од МРТ, на која учествувале композитори, пејачи, новинари, автори итн.

Бил упатен Јавен повик до авторите од земјава и од странство, на кој од пристигнатите понуди се избрала песната со која Гарванлиев бил одреден за претставник на Евросонг 2020 во Ротердам. Поради прогласената пандемија од ковид-19, Евросонг 2020 беше откажан од страна на организаторот ЕБУ.

– По Програмскиот интерес за учество и оваа година, МРТ повторно аплицирала, избирајќи го истиот пејач за свој претставник на Евросонг 2021, по примерот на 24 земји-учеснички коишто исто така се определиле да ги испратат истите претставници. Заради континуитет во работата, истата работна група била задолжена да упати нов Јавен повик до авторите од земјата и од странство. Од пристигнатите песни, музички новинари од МРТ и самиот пејач се усогласиле дека песната „Here I stand” би била најсоодветен избор за композиција којашто ќе ја претставува МРТ на Евросонг 2021, се вели во соопштението.

Во јавноста се крена врева, поради два кадра на спотот коишто беа протолкувани како спорни.

– Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет. Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи, објаснуваат од МРТ.

Од таму додаваат дека евентуалното откажување од настап на Евросонг би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки.

– Сепак, имајќи го предвид сево ова, а особено поларизираноста во нашето општество, Комисијата предлага за во иднина сериозно да се преиспита учеството на Јавниот сервис на меѓународни културни манифестации, се додава во соопштението.

Инаку, денеска вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева го повикала заменик-шефот на амбасадата на Република Македонија во Софија, Владимир Крастевски на разговор, бидејќи „бугарските дипломати изразиле длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Република Македонија против Васил Гарванлиев.“

Бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека „Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет, каде било во светот.“

извор: Мета фото: архива

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...