14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Се чукате во гради за татковината, а не се попишувате

Заев: Се чукате во гради за татковината, а не се попишувате

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема да има одложување на пописот, изјави денеска премерот Заев апелирајќи сите граѓани да учествуваат во оваа статистичка операција и да ја исполат граѓанската обврска кон државата.

<

Според него одложувањето е беспредметно, затоа што, како што истакна, никој не може да гарантира дали наесен или следната пролет состојбата со пандемијата нема да биде иста како сега.

-Сега нормално самата пандемија е проблематична тоа не значи дека треба да се откажеме од пописот. Ако сега се откажеме следуваат есента избори, пролетта никој не може да гарантира дека нема да биде иста со бројки како сега, така што треба сите да ја преземеме одговорноста. Апелирам до сите да се попишеме затоа што на тој начин ја исполнуваме граѓанската одговорност кон нашата татковина, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на велешки „Брако“.

Според него, законот е јасен, во него е регулирана одговорноста, но пред се, треба да биде граѓанската одговорност пред државата.

-Затоа апелирам до сите Македонци да се попишат, апелирам до сите Албанци да се попишат, апелирам до сите Срби, до сите Роми што живеат во нашата држава Република Северна Македонија да се попишат. Така ќе покажат љубов кон татковината, така ќе покажат одговорност кон татковината и така ќе имаме податоци дека постојат. Благодарение на тие статистички податоци ќе можеме успешно да креираме политики. Сега креираме во магла, во облаци, незнаејќи ги точните бројки. Од нивното попишување зависи развојот на нивното општество, од нивното попишување на сите наши граѓани зависи иднината на нивната земја, на нашата земја, на РСМ. Кога треба да се чукаме во градите колку сме патриоти тогаш правиме се што треба, а кога треба да го направиме првиот вистински патриотски чекор кон државата и да се попишеме, тогаш ќе бараме мал милион изговори, рече премиерот додавајќи дека повикувањето на бојкот и блокирањето на попишувањето никого нема да направи поголем патриот.

Тој истовремено упати апел и да се попише целата дијаспора.

– Апелирам на целата македонска дијаспора Македонци, Албанци, Бошњаците, Србите, Турците, Власите, Ромите… сите да се попишуваат зошто имаме одговорноста пред татковината. Таа татковина за која што полна уста секогаш знаеме да искоментираме, пофалиме, искритикуваме или слично, истакна премиерот.

Според Заев, има решение и доколку се случи некои од комисиите да бидат заразени од коронавирусот. Дури и да бидат заразени комисиите, пописот сепак ќе одржи, вели Заев.

-Ако не стигнеме до 21 април и пописната општинска во Чаир или Струмица е заразена може да се оложи за 14 дена, може да се пролонгира делот на самото попишување. Може да се најдат начиним само пописот треба да се одржи. Ако одложиме за есента може да имаме исти бран како сега, ако до пролетта догодина може да има исти бран како сега, истакна премиерот Зоран Заев.

Пописот во земјава треба да се одржи од 1 до 21 април. Во моментов во тек е попишувањето на дијаспората што започна на 1 март и ќе заврши на 21 април. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, а одредени политички структури и граѓански движења повикуваат на бојкот. Последниот попис е одржан во 2001 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...