21.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМендух Тачи: Ви зборувам како лекар, најсилно оружје да се спречи ова...

Мендух Тачи: Ви зборувам како лекар, најсилно оружје да се спречи ова е строг карантин од 20 дена, а најдобро е вакцинацијата…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека најсилното решение за спречување на коронавирусот е строг карантин од најмалку 20 дена, а смета дека најдоброто решение за вирусот е вакцината.

<

„Како лекар ќе зборувам. Јас сум за карантин најмалку 20 дена. Строг карантин. Од прилика полициски час, и да се дозволи само купување на намирници. Најсилното оружје за коронавирусот е карантинот, а најдоброто е вакцината“, изјави Тачи, коментирајќи зошто Македонија има проблем со набавка на вакцините:

„Затоа што сме мали и слаби, затоа што имаме проблем со двоен стандард“, вели Тачи.

Тој смета дека Србија и Албанија „глумат“ со вакцините, и вели дека ние треба да се останеме кон западот за вакцините.

„Тоа што Србија и Албанија го прават е глумење со вакцините. Убаво рече претседателката на ЕУ зошто Русија не ги вакцинира своите луѓе, а нуди вакцини на ЕУ? Тоа е тешка пропаганда. Истото го прави и Вучиќ кој нуди 5 илјади вакцини на БИХ. За жал и Еди Рама, има 10 илјади вакцини и нуди 1000 на Косово. Претпочитам да останеме на западниот партнер. Имаат многу подобар морал од истокот како Кина, Русија или Србија“, рече Тачи.
Извор: Тв 21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...

Мицкоски: Црешите оваа година се скапи бидеќи ги фати мразот.

Не не, цената на црешите за килограм не е 500 денари како што велите туку од 200 до 300 денари. Не велам дека таа...

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав.

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно се споделуваше на социјалните...

Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум- Вреден 11,7 милиони евра

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго...