2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски како каубоец: Точно е дека имав 4 пиштоли но ми истекла...

Груевски како каубоец: Точно е дека имав 4 пиштоли но ми истекла дозволата, за жал не сум во можност да се вратам и да ја продолжам.

spot_img

“Голи пиштоли”
За пиштолите, куршумите, секретарките и “Среќна нова 49та”
Дека една од целите на вчерашниот упад и хајка на репресивните органи на власта во моето живеалиште во Скопје била и дефокусирање на јавноста, се десетиците натписи со лажни вести на порталите блиски до власта, претпоставувам пласирани од толпата луѓе кои во сред пандемија вчера од рано утрото го вознемирувале моето семејство и харале по мојот дом во Скопје, или пак од нивните претпоставени.
Ова е трето по ред од моето заминување од Македонија. Тука не ги сметам периодичните, на неколку месеци доаѓања на полицаец во униформира само за да праша дали сум дома. Последен пат пред околу три-четири месеци.
Најновата лажна вест е дека пронашле оружје без дозвола.
Тоа е неточно. Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив. Таа дозвола беше важечка во моментот кога заминав од Македонија со цел да побарам политички азил заради политичкиот прогон на власта. Подоцна, по моето заминување можеби рокот на дозволата истекол, но јас не сум во Македонија и не сум во можност да барам продолжување на рокот на дозволата за оружјето. Оружјето заедно со дозволата и муницијата со документи за набавка на истата, пред се за случајно да не дојдат во раце на децата, беа сместени во мал заклучен сеф, користен само за тоа, така што никој друг неможеше да има пристап до истото.
Десетици други наслови со лажни вести во режимските медиуми само ми потврдија дека политичкиот прогон и хајката кон мене не само што не запреле туку добиле на интензитет.
“Пронајдени нови три стана на Груевски”, “Груевски имал шест стана” , “откриен стан во Аеродром”, “Едниот стан бил на секретарка на Груевски” и ред други наслови се дел од обидот за медиумски линч преку пласирање лажни вести во медиуми кои вообичаено пласираат лажни вести за мене, кои веќе престанав и да ги коментирам и демантирам.
Покрај другото, како и во другите случаи на СЈО/ОЈО обидот е со давање на не точни информации и тези на медиумите, или пак информации кои се службена тајна во истрагите, истите да се претворат во медиумски обвинител а потоа медиумски суд, и во судницата судијата под притисок на медиумите и јавноста да нема избор освен да донесе осудителна пресуда и така да ги задоволи власта, контролираните од власта медиуми и јавноста доведена во заблуда.
“Секретарката на Груевски” преку ноќ се трансформира во “секретарка на некој бизнисмен близок на Груевски”. А не се пишува дали таа секретарка и тој бизнисмен воопшто се познавале со мене во тоа време.
Не ни очекувам да кажат какви упади, инспекции и уцени се правени врз многу бизнисмени и други лица, дел од нив и кои не ги познавам за да се принудат да станат алатка на прогонот кон мене.
Се споменуваат уметнички слики а не се споменува дека сите се пријавени во анкетниот лист и безмалку сите од домашни автори и со ниски цени, поголем дел добиени и како поклон за свадба.
Се пишува дека обезбедиле вербални и матерјални докази против мене за овој случај. Вербални може да обезбедат преку уцена на лица по нивната слобода, семејство и имот и принудување на лажно сведочење, но матерјални докази не постојат и доколку ги имаат веднаш нека ги објават, кога веќе го одбрале тој пат.
Ова што прават е по теркот на 1949та година и потсетува на филмот “Среќна нова 49та”.
Дури одат и до таму дека непосредно пред да заминам сум потпишал договор за закуп на двата стана за да не плаќам закуп, а не објаснуваат дека согласно тој договор извршена е инвестиција во тие изнајмени станови која одреден период се одбива од ратите за закупот и тоа е во време кога сеуште немав правосилна пресуда на судот и сеуште се надевав на правда, па сите планови ми беа поврзани со мојот дом.
Сега очекувам со денови и недели, па и со месеци, медиумите блиски на власта по стотици пати да ги повторуваат лажните вести во специјални емисии на темата, во вестите, преку изјави на платени аналитичари и новинари под контрола или платени од власта, квази експерти, преставници на дел од НВО и други апологети на режимот на власт.
Репресивните органи на власта за жал веќе оддамна се претворени во општински организации на СДСМ кои исклучиво се занимаваат (освен во случај на јавен притисок, како на пример во случајот Рекет) со прогон на неистомислениците на власта и наместо опстанок на власта со работа, дела, реформи и резултати, нивната борба е преку политички прогон. Правда со оваа власт нема и нема да има. Мир барем засега има.
Но, со репресија, втерување страв кај народот, со прогони, апсења, претреси, истраги, монтирани обвиненија, нарачани пресуди, контрола на судиите, хајки по политичари, бизнисмени, новинари, но и по обични незадоволни граѓани.
Во моето живеалиште во Скопје не исклучувам нов упад, затоа што од она што сум информиран, постојано кружат преставници на МВР во цивил, а дел од нив и снимаат.

Напиша Груевски на Фејзбук

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...