30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Што бараат граѓаните да се лечат во приватни болници, кога во...

Заев: Што бараат граѓаните да се лечат во приватни болници, кога во државните болници ги имаат сите услуги и потребни лекови..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот Димитар Апасиев денеска на седницата за пратенички прашања побара од Владата да интервенира и да ги намали цените за лекување од Ковид во приватното здравство и да се намалат екстрапрофитите на приватните болници.

<

На ова премиерот Зоран Заев рече дека државните болници го имале сето она што го имаат и приватните.

-Ако живеете во демократија не можете да се однесувате како во комунизам. Во приватните болници нема ништо подобро од тие во јавното здравство. Немаат инфективни одделенија, а сакале да одат граѓаните во приватните болници. Никогаш не сме се довеле до таму да нема место во јавното здравство за болен од Ковид. Болен од Ковид не плаќа ништо во јавното здравство. Што бараат сега во приватното?“, рече Заев.

Заев му замери на Апасиев за изјавата до власта дека „ќе висите заедно“ и рече дека за тоа се одговара. На тоа Апасиев му одговори дека слободно може да го одземат пратеничкиот имунитет и да го судат.

-Повелете, гонете ме, не ви се плашам. Моите очила се зелени, сакам да ми ги позајмите вашите розеви. Кога над 60.000 граѓани останаа без работа да зборувате дека условите се исти во приватни и јавни болници е срамота. Во приватните болници нема буба шваби,а не сум слушнал исто така дека таму паѓаат фекалии, реплицираше Апасиев.

фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...