4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаПоставена табла со албанско знаме и натпис Република Албанија во кичевската библиотека

Поставена табла со албанско знаме и натпис Република Албанија во кичевската библиотека

Полицијата постапува во случајот за кој денеска пишуваше „А1он“ во врска со поставената табла во билиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на која само на албански јазик е напишано Republika e Shqiperisё, со знамето на Албанија.

„Министерството за внатрешни работи информира дека веќе презеде мерки во согласност со своите надлежности и за случајот е известен јавен обвинител од надлежното Основно јавно обвинителство“, информираат од МВР.

Како што веќе објави „A1oн“, станува збор за еднојазична табла, само на албански јазик, со знамето на Албанија, која води кон дел од библиотеката, каде што се поставени два компјутера преку кои граѓаните може да добијат информации од Државниот архив на Албанија.

Некои од вработените и посетителите во Центарот за култура „Кочо Рацин“ реагираа дека станува збор за провокација и за кршење на законите со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние што не го знаат албанскиот јазик, воопшто не може да се информираат за што станува збор.

Еднојазичната табла била поставена во средата, а директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи, изјави дека станува збор за грешка, која ќе биде исправена и дека за тоа е надлежна Општината.

„Ние имаме договор со Општината да отстапиме дел од библиотеката, еден агол, кој ќе може да се користи. Фактички станува збор за два компјутера, кои би се поврзувале со Државниот архив на Албанија и секој што е заинтересиран за одредени информации од Архивот да може да се приклучи. Јас веднаш реагирав дека таблата треба да биде двојазична и побарав да се смени, па еве, ако не ја сменат од Општината ниту денеска, им кажав дека ќе ја отстранам. Инаку, не станува збор за знамето на Албанија, туку за лого на Државниот архив на Албанија“, изјави Османи за „А1он“.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...