31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветВакцина примија првите монаси на Света Гора

Вакцина примија првите монаси на Света Гора

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден од бродовите на (Светогорското) пристаниште ги пренесе првите 400 дози од вакцината на Pfizer вчера, Петок 19 Март на Света Гора и веднаш започнаа вакцинирањата.

<

Центарот за вакцинирање се постави во Здравствениот Дом во Кареја под надзор на директорот Константонос Докусли.

Вчера се вакцинираа првите 36 монаси, како и вработените–соработници на манастирите, додека вакцинирањата ќе продолжат денес и утре.

Прв се вакцинираше игуменот на Свештената Обител Есвигмен, архимандритот г.Вартоломеј и следеа монаси од манастирите Ивирон, Кутлумуш, Симонопетра кои дојдоа исклучиво за таа цел во Кареја.

Почетокот на вакцинирањата на Света Гора беше испланирано за минатата Среда, но поради времето – силните ветрови – се одлучи дека е подобро да се одложи тргнувањето на бродот.

Голем интерес помеѓу монасите

Помеѓу монасите владее олеснување за фактот дека започнаа вакцинирањата. Согласно информациите од makthes.gr првичните сомнежи, одбивањето на некои, како и теориите на заговор, имаат отстапено.

Карактеристично е што побараа да се вакцинираат дури и монаси кои прележале корона. Исто така, имаат покажано интерес и светогорци кои живеат по скитови далеку од Кареја

И покрај тоа што монашката држава е во lockdown и влезот е забранет за поклоници, монасите се плашат особено тоа што, како киновиски систем, бидејќи живеат во мали простории, се црквуваат сите заедно и одат заедно на трпеза, го овозможува пренесувањето. Постои уште и значителен број на монаси кои се во поодмината возраст и имаат хронични заболувања.

Пред една година првиот случај

Првиот случај на корона се појави на Света Гора пред една година, еден монах од Свештената Обител Ксенофонт кој патуваше во почетоците на Март 2020 во Шкотска и Англија, додека пак други тројца монаси кои беа со него на патувањето се покажаа во следните денови исто така позитивни на корона. Вкупно 4 монаси, од различни манастири во измитаниов период завршиле со компликации од корона и околу 10 кои биле хоспитализирани во критична состојба ја надминаа опасноста.

Света Гора има „запечатено“ од почетоците на минатиот Декември и согласно одлуката на Свештената Кинотита забраната за влез на поклоници важи до 30 Март. Соработниците на манастирите и вработените кои треба да влезат во Атонската држава се подложуваат на тест за корона во Уранополис и на другите пунктови за влез и влегуваат само доколку тој е негативен.

Свештената Кинотита ќе дискутира на таа тема во следните денови, но и кревањето на забраната ќе зависи колку од текот на пандемијата, толку и од одлуката на владата за преместување од област во област. Свештената Кинотита се наоѓа во одлична соработка со Граѓанската Управа и секоја одлука се потврдува од Граѓанскиот управник, Атанасиј Мартинос.

religija mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...