12.9 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Париз одбележана 90-годишнината од смртта на македонскиот научник д-р Анастас Коцарев

Во Париз одбележана 90-годишнината од смртта на македонскиот научник д-р Анастас Коцарев

Денеска напладне, во француската престолнина Париз, претставници на македонските заедници од Франција и Швајцарија и претставници на градската власт од Париз ја одбележаа 90-годишнината од смртта на македонскиот научник и општественик д-р Анастас Коцарев и положија венец на неговото вечно почивалиште.

Со посебно одобрување и почитување на мерките за претпазливост и растојание, со пригодни говори од македонска и француска страна беа одбележани девет децении од смртта на овој истакнат македонски научник и 131 година од неговото раѓање. Семејството Коцареви од Македонија како и бројни почитувачи на делото на д-р Анастас Коцарев од Европа не беа во можност да дојдат во Париз и церемонијата од комеморацијата ја следеа во живо преку видео пренос испраќајќи испратија телеграми и пораки во заедничкото одбележување на настанот.

На комеморацијата обраќање имаше претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и Соња Коцарева- Трпезановска, роднини на истакнатиот научник Анастас Коцарев.

На денешен ден, пред 90 години, животната судбина го зеде од овоземниот свет светскиот великан Анастас Коцарев, истакнат македонски творец, научник, ерудит, лекар, човекот чија креативна мисла и луциден научен и лекарски дух оставија трајни белези во светот, но и денес во државата Македонија. Луѓето како нашиот Анастас Коцарев вечно живеат. Во Епот за Гилгамеш, змијата е таа што го краде ’вечниот живот’, но, за наша среќа, таа не успеваа тоа да му го направи на Анастас. Големиот римски поет Хорациј, мислејќи за своето дело, зборува дека по неговата смрт сепак нешто ќе преживее: „Нема целосно да умрам“ (Non omnis moriar), истакна во своето обраќање претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.

Академик Љупчо Коцарев потсети и за активностите на Анастас Коцарев за праведно решавање на македонското прашање во периодот меѓу двете светски војни и дополни:

– 30 години по стекнувањето на независност, по остварувањето на заложбите на Анастас Коцарев, патеката по која се движи Македонија може да заврши во провалија, да доведе до целосно разнебитување, разорување, распаѓање на државата Македонија. Се надевам дека денешните политичари во Македонија нема да ни педа да отстапат од програмата на Коцарев за единствена и независна Македонија.

Неговата внука Соња Коцарева- Трпезановска од Битола во нејзиното обраќање за нејзиниот дедо истакна:

– Анастас Коцарев е заборавен од својата татковина, но не и од семејството и добрите луѓе кои живеат и работат низ Европа и кои ја согледаа неговата големина и важност и особено во време кога за жал со сите сили сакаат да нѐ избришат како Македонци. Анастас беше голема ѕвезда водилка на нашето семејство и голема ѕвезда водилка на македонскиот народ; Твојата основна цел во Швајцарија и Франција беше обединување на интелектуалните умови кои во тоа време се школувале во европските земји околу борбата за својата татковина Македонија, тоа и се случи денеска, по 90 години од твојата смрт да се обединиме во борбата за Македонија која продолжува преку нас и за новите генерации кои доаѓаат. Драг наш дедо Анастас, жалиме што лично никој од семејството не можеме да присуствуваме на твојот гроб денес, заради околностите со пандемијата, но срцето ми е полно кога конечно го најдовме твоето почивалиште, кога гледам дека твоето дело не е заборавено и се надевам дека еден ден ќе почиваш во твојот сакан роден град Охрид, во твојата сакана Македонија, го заврши своето обраќање неговата внука д-р Соња Коцарева-Трпезановска.

Со овој чин, конечно е решена мистеријата стара 90 години за тоа каде точно се наоѓа гробот на познатиот македонски научник Анастас Коцарев од Охрид. По 9 децении оддадена му е достојна почит која ја заслужува бидејќи личности како него ретко се раѓаат, а делата со кои нѐ задолжи се безвременски.

Анастас Коцарев е роден во Охрид, на 26-ти март 1890 година во старото охридско семејство Коцареви. Основно образование завршил во Охрид, гимназија во Солун и медицински факултет во Женева каде докторирал и останал да работи на Женевскиот универзитет како асистент, потоа како лекар и приватен доцент по онкологија на универзитетската клиника. Во 1928 година со својата вереница Сесил Пинел се населил во Париз каде ненадејно починал на 28-ми март 1931 година.

Д-р Коцарев со својата научна работа бил посветен на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Ова истражување ќе го насочи на тесна соработка со познатата нобеловка Марија Кири – Склодовска која во тоа време била професор и директор на лабораторијата за радиум на Универзитетот Сорбона во Париз. Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата и првиот научник во светот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер (рак).
за повеќе детали тука… Охрид Прес

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична против началник во МВР: Ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и...

Се огласија Русите: Доналд Трамп мрази да троши пари на разни продадени души

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, коментирајќи ја победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД...

Зеленски му ја честита големата победа на Доналд Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Доналд Трамп по прогласувањето на победата на американските избори. „Честитки за импресивната изборна победа на Доналд Трамп! Се сеќавам...

Мицкоски со честитка до Трамп: Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски упати честитки до Доналд Трамп, кој според резултатите од претседателските во САД ќе биде нов американски претседател –Во мое лично...