30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица бара да се откаже пописот: Се попишуваат и лица кои немаат...

Левица бара да се откаже пописот: Се попишуваат и лица кои немаат македонско државјанство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Левица преку соопштение до јавноста обвинува дека во дијаспората се попишуваат и лица кои немаат македонско државјанство и повикува на откажување на пописот на неодредено време, додека не се изготви консензуален закон.

<

„Упатуваме повик до сите политички чинители надвор од политичкиот двор на ДУИ, итно да постигнат консензус за откажување на овој попис на неодредено време, сѐ додека не се изготви консензуален Закон во кој ќе се утврди методологија и контролни механизми, кои реално ќе покажат каква е состојбата на територијата на Република Македонија.

Додека владините функционери именувани од страна на СДСМ, на чело со директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), ја убедуваат јавноста дека пописот е ‘само статистичка операција‘, нивните партнери во власта, функционери од редовите на ДУИ со пара-пописна структура агитираат кај албанската дијаспора за масовно попишување.

Таков е примерот со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која објавува имиња на луѓе и организации и ги повикува Албанците во дијаспората да ги контактираат за да се попишат на пописот. Од сите овие контакти нема ниту еден од неалбанска заедница, а меѓу нив има и верски организации. Од ДЗС пак молчат за ваквото грубо мешање на партиски структури во операцијата која ја водат државни институции и досега нема ниту кривични, ниту прекршочни пријави, освен најава за крвична пријава кон нашата партија за повикување на бојкот на пописот“, пишува во соопштението од Левица.

Од партијата велат дека легитимноста на пописот е целосно поткопана, бидејќи „партиските структури на ДУИ се однесуваат како парарелни институции“ со цел пописот да даде нереални и нелегитимни резултати во однос на етничката структура во државава, односно да се прикаже значително поголем број на Албанци од она што навистина е случај на резиденти во Македонија.

„Последен пример за ова е новата нерегуларност која деновиве беше потврдена од лица во дијаспората. Нерегуларноста се однесува на тоа дека, во дијаспората се попишуваат и лица кои се откажале од македонското државјансво. Ова беше потврдено дури и од првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби, кој кажа дека за да се попише „доволно е лицето да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани, или каков било друг документ‘. За Груби важно било само да има што поголем број Албанци, што ќе придонело за‘ унапредување на правата на Албанците во Македонија‘.

Очигледно дека пописот е планирана политичка алатка со која треба да се зациментира трибалистичкиот карактер на политичкиот систем на Македонија, и најпосле да се официјализира и унапреди нејзината федерализација“, се наведува во соопштението.

мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...