12.7 C
Ohrid
среда, септември 22, 2021
Почетна Македонија Пријавени 5.200 граѓани, а само 800 вакцини за тетовскион регион.

Пријавени 5.200 граѓани, а само 800 вакцини за тетовскион регион.

Translate (Eng):[gtranslate]

Вакцинацијата во Здравствен Дом Тетово ќе започне в петок на 2 април, а првите дози се наменети за категоријата на лица над 77 години, информираат од тетовската јавна здравствена установа. Пријавени преку сајтот вакцинација.мк и Мој термин досега се околу 5.200 граѓани од сите шест тетовски општини.

– Од страна на Министерството за здравство добиени се 800 вакцини кои првично ќе бидат наменети за лица над 77 годишна возраст. По вакцинација на оваа категорија се преминува на останатите старосни категории. Исто така и вакцините понатаму ќе се доставуваат до нас сукцесивно според бројот на пријавени пациенти од посочената категорија, информира Борислав Јоргаќиески, директор на Здравстен дом.

Вакцинирањето ќе се спроведува во Службата за вакцинација во склоп на ЈЗУ Здравствен Дом Тетово, а доставени се вакцини од производителот АстраЗенека.

РЕКЛАМА
- Реклами -