2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: И да да се вакцинираме маските уште долго ќе ги носиме...

Филипче: И да да се вакцинираме маските уште долго ќе ги носиме…

spot_img

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денска беше во работна посета на болниците во Прилеп и Битола. Во изјава за медиумите, министерот информираше за состојбата со ковид пацинетите, модуларните болници, како и мерките за заштита и процесот на вакцинација. Модуларната болница во Битола, има три објекти и е најголема во државата кој е подготвена во секој момент да прими ковид пациенти доколку тоа е потребно.

-Сега се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот бран. На голем број пациенти им е потребна соодветна здравствена заштита за што имаме секојдневна координација и комуникација со директорите на сите болници ширум државата. Има сосем доволен број на болнички кревети секој пациент ќе ја добие потребната здравствена заштита. Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, овде во Битола 3, што го прави битолското ковид одделение најголемо во државата за да одговори на потребите согласно бројот на жители, граѓани, пацинети од целиот регион кои се лекуваат во оваа болница, позната и по историјата и по експертизата од многу области изјави министерот.

За процесот на вакцинација против Ковид 19, министерот рече дека како во Битола така и во останатите градови низ државата, процесот се одвива добро, никаде нема посериозни проблеми. 4000 вакцини од Астра Зенека, од пратката од 24.000 од Ковакс механизмот ќе бидат распоредени за постарите категории граѓани, а од понеделник започнува вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура, МВР, АРМ, останати служби кои секојдневно се изложени на контакти со граѓани, новинарите и таа за почеток ќе се спроведува во А1 Арената СЦ Борис Трајковски, истакна Филипче, посочувајќи дека салата е целосно опремена, а кадар е обезбеден од ЗД Скопје. Министерот очекува српските здравствени валсти да го испратат електронски списокот за сите граѓани кои изминатиов период се вакцинрале во Србија, а за аплицирањето на вакцината кај помладите граѓани, минстерот истакна дека ќе се чека одлуката на ЕМА.

-Сте кои се вакцинираа во Србија, со втората доза ќе се вакцинираат во нашата земја. Јас од српските здравствени влaсти очекувам списоците да ги испратат електронски, за тој целокупен процес да се олесни и тоа е во делот на организацијата и на достапноста. Во делот на стручното мислење за вакцината Астра Зенека ние ќе го чеакаме официјалниот став на европската агенција за лекови којшто треба да произлезе од состанокот на бордот, закажан за следната недела: Некои земји како Германија донесоа индивидуални одлуки исто како и некои други земји кои го запреа во одреден период вакцинирањето може и да го продлжат ако има позитивна одлука односно и помлади луѓе може да се вакцинираат со таа вакцина. Сега е јасно дека бенефитот од вакицна е многу поголем и ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем од ризикот да се јават тие компликации но безбедноста на пацинетите, односно граѓаните ни е на прво место и во таа смисла ќе ги почекаме официјалните препораки – изјави Филипче.

Министерот ги објасни рестриктивните мерки, а за прeстојните празници, информираше дека Комиисјата допрва ќе одлучува.

-Во однос на престојните празници допрва ќе зборуваме и ќе видиме дали Комисјата нешто ќе препорача, на еден од претходните состаноци најавивме дека ова специфично ќе го дискутираме, но да ве потсетам дека за време на минатогодишните празници имаше построги рестриктивни мерки, а сепак се појавија нови и нови пациенти сепак суштинате е во почитување, на веќе важечките превентивни мерки. Ние имаме балансирани мерки, има рестрикција во движење за категорија граѓани помлади за кои забележувме дека по завршувањето на работата на угостителските објекти се групираа по паркови, јавни површини и таму не се почитуваа превентивните мерки ниту носеа маски, ниту се држеше дистанца како што вообичаено се лсучува кога се групираат помлади луѓе. Во таа смисла споредувавме резултати од некои земји во кои што имаше многу построги мерки, но и покрај то се соочија со силен бран на пример дел од земјите во Средна Европа и покрај то што не работеа ниту ресторани, ниту продавници, огромен број на нови пацинети има што знали дека вирусот не ги поштедува ниту тие земји. Пoнатаму тие земји што воведоа карантини и плициски часови, многу построги од нашите, откако се појави бранот повтроно не дадоа резултати значи има пораз на случаите А таму каде има собири во текот на денот има препораки и доколку се почитуваат нема да има порблем значпи овие балансирани мерки се една умерена рестрикција комбинирани со индивидуалната одговорност на граѓаните во однос на почитување на мерките – изјави Филипче.

Министерот апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, дури и кога ќе бидат вакцинирани.

– Единствена препорака е тоа што го препорачуваме цело време да се почитуваат веќе препорачаните превентивни мерки маските, дистанцата исклучително е важна сега и времето е убаво, но секаде во регинот се случува многу силен бран иладници заразени во околните земји, така што препорака за граѓаните е да се почитуваат важечките мерки. И после вакцинацијата ќе останат на сила тие превентивни мерки, маската ќе ја носиме навистина долго време – изјави Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...