17.3 C
Ohrid
вторник, мај 11, 2021
Почетна Македонија Ракометарката Андријана Будимир проговори за синот кој боледува од аутизам.

Ракометарката Андријана Будимир проговори за синот кој боледува од аутизам.

Translate (Eng):[gtranslate]

Андријана, како и останатите родителите на деца со аутизам, секојдневно се бори за да му го олесни животот на синот Максим. Аутизмот е болест на денешницата која зема се поголем замав, и се повеќе деца заболуваат од неа.

За предизвиците со кои секојдневно се соочува, ракометарката отворено зборува во видеото објавено на „Фејсбук“ страната на Општина Карпош.

Будимир раскажа дека на часовите по физичко образование, нејзиниот син е тргнат на страна, затоа што професорот не може истовремено да работи со 35 деца од одделението и да посвети време на дете со попреченост. Таа смета дека треба да се покрене иницијатива, да има посебен професор кој ќе работи со овие деца, затоа што физичката активност им помага на децата со аутизам полесно да се вклучат во наставата и полесно да комуницираат.

РЕКЛАМА

„Кога некој има роденден, освен што носат крем банани за сите деца, носат и банана за мојот син, за да знае дека и тој е дел од роденденот“, емотивно раскажува таа.

На 2. април беше Светскиот ден аутизмот, па на повеќе локации во Скопје беше одбележан денот за подигнување на свеста за оваа болест, со испраќање на пораката дека лицата со аутизам се рамноправни членови во нашето општество.

- Реклами -