0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаТраорно сведоштво на Маја од Свети Николе: Жива ме закопаа, во последен...

Траорно сведоштво на Маја од Свети Николе: Жива ме закопаа, во последен момент слушнаа како плачам, па ме извадија

spot_img

Маја Марковска од Амзабегово, близу светиниколско има 29 години . Таа ја немала среќата да расне во нормално семејство.

Денес е реализирана жена и мајка на 3 деца, но нема пари за исхрана, нема пари за терапијата која поради епилепсијата мора да ја прима доживотно.

Таа израснала во Тетово во не баш нормално семејство, и љубов од двајца родители, за од неа непознати причини таа до 6 години расте само со нејзниот татко, а токму после шестата тој ја предава на дом само затоа што е девојче и неможел да се грижи за неа.

-Мајка ми го обвинува татко ми дека ја изневерил со друга жена, додека пак татко ми вели дека не правел такви работи, незнам кој ја кажува вистината.

-Од една страна јас ги обивнувам и двајцата од друга страна пак велам тоа е нивна работа јас немам право да се мешам, но мајками не требла да не остава толку мали и да замине.

-Уште како дете се борам со епилеписјата, во домот добро ме примија, ми беше убаво ме чуваа, ми даваа редони лекарства. Покрај мене тогаш беа само двете сестри кој доваѓаа колку толку, дури и ме пуштаа да заминам со нив за време на викенди на прошетка.

И покрај тешките моменти од детсвтово и и раснењето во домови и борбата со епилеписијата со која се бори и ден денс, таа ќе доживее тешка тра ума

„Еден ден ќе ја прогласат за упо коена и ќе ја закопат, но нејзиниот крик ќе ја спаси од сигурно заминување на другиот свет.

-Незнаеа дали сум жива или упо коена, мислеле оти неможеле да ме освестат и ме закопале, незнам кој дали мојте или докторите кажале дека сум поч ината, но за среќа на појдувањето ме слушнале како плачам и ме изваделе инаку жива ќе останев под земја.

Маја одвреме навреме контактира со својот татко, а првата средба со нејзината мајка била кога таа имала 13 години во Тетово.

-Бев со сестрите и кога ја видов јас незнаев дека таа жена е мајка ми и почнав да вре скам и да плачам, таа појде да ме гушне, ми рече јас сум твојата мајка.

Јас бев одбивна, неможев едноставно таа жена не ја сметам за своја мајка, не оставила мали и болни и заминала, вели со солзи во очите Маја.

После неколку години на Маја и се случуваат можеби и најубавите моменти во животот, раѓањето на децата и венчавањето.

-Докторите ми забранија да имам деца, поради сутацијата со епилепсијата, но фала му на Господ, со негова волја еве денес имам деца.

Состојбата на Маја е загиржувачка таа поради болеста мора да пие терапија доживотно, но нема пари за да ја купи. Па затоа често го лаже семејството и докторите дека е добра.

Најмногу стравува да не падне или да не и се слоши пред децата и да ги исплаши. Таа нема никакви финансиски средства, нејзинито сопруг зема минимална плата која едвај стигнува за храна, а камоли за лекови за Маја.

-Самоволно ги прекинав апчињата немам пари, си го рискирам животот, поарно јас нема да пијам апчиња ама децата ќе има што да јадат. Децата се побитни од мене тие ако не се јас нема зошто да живеам.

-На докторите им кажувам дека сум добро, дека веќе непаѓам, дека ми е добро. А вистината е спротивното, треба да одам и на конторли во болницата, но немам пари .

-Се обратив во социјалното но не таму се глуви на мојте проблеми, и покрај сите документи што ги имам, од таму не добив ништо, не сум способна ниту да работам едвај и по дома се снаоѓам.

Се случувало и да немаме за јадење. Поради ситауцијата стравувам да не ми бидат одземени децата, да се случи тоа јас не би го издржала. Не можам многу да им приуштам ама барем да ги искапам и да им става залак во уста.

Маја не бара многу, само да има покрив над глава за децата и да има со што да ги прехрани, а за себе како што вели само здравје.

-Детето ми бара велосипед, гледа другарчињата како си играат, му велам од каде, јас да би работела ни влкано не би ви фалело.

-Штом дојдам до пари веднаш ги носам децата до продавница и им купувам што сакаат, а ако фали наредниот пат додавам, што да посакаат, за мене не е битно, вели Маја за емисијата ,,Срце на Дланка”.

На Маја секоја помош би и била добредојдена, таа мора да продолжи да ги пие лековите, затоа што состојбата ќе и се влоши и не би имал потоа кој да и ги чува овие мали деца. Доколку сакате да помогнете на било кој начин на нејзе може да се обратите на 075 304 405
ekonomski.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...