22.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЖител од Дебар бил измамен и оштетен со 80.000 евра.

Жител од Дебар бил измамен и оштетен со 80.000 евра.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жител од Дебар бил измамен и оштетен од свои сограѓани откако претходно на еден од нив му позајмил пари во вредност од 80.000 евра, кои досега не му се вратени, известува МВР.

<

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 6.4.2021, во 15 часот, во Одделението за внатрешни работи Дебар, 56-годишен маж од Дебар пријавил дека бил измамен од М. Д, К. С., двајцата од Дебар, и С. Н. од с. Велешта, Струшко, за сума од речиси 80.000 евра. Според пријавеното, во декември 2018 година тој му позајмил пари на М. Д., кои до сега не му ги вратил.

Исто така, според пријавеното, С. Н. со посредство на К. С. се обврзал дека ќе го преземе долгот што М. Д. го имал кон него, а за таа цел требало да му исплати 32.000 евра за да ги ослободи хипотеката и сопственоста да ја пренесе на него.

Како што е пријавено, С. Н. како награда од пријавителот добил 13.300 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Тетово нападната од мечка !!

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската...

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...