32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонија„Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и...

„Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми“- Oвие зборови одѕвонуваат во ушите, на сестра Јохана Јаневска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми“ – овие зборови сѐ уште ми одѕвонуваат во ушите, сведочи за ДВ медицинската сестра Јохана Јаневска.

<

„На пат кон работа во болницата ‘8 Септември’ забележав едно момче како седи на клупа пред влезот. Кога поминав пред него, момчето стана и ме праша: ‘Дали работите тука?’ Го погледнав – очите му беа црвени од плачење. Му одговорив потврдно и зачекорив кон првото скалило, кога го слушнав неговиот глас: ‘Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми.’ Застанав скаменето. Се свртев кон момчето и го прашав како се вика неговата мајка. Ме погледна толку жално и ми го кажа името. Јас стоев скаменето… Отрчав кон влезот на болницата, облеков униформа и веднаш отидов кај мајка му. Таа беше на кислородна поддршка… Ја фатив за рака и ѝ реков: ‘Надвор те чека прекрасен син. Мора да преживееш за него’. Ме погледна со солзи во очите. ’Морам’, ми рече. Јас направив сѐ што можев да ѝ помогнам, да ја спасам, да преживее.“

Овие трогателни повици за помош на момче коешто го изгубило родителот во пандемијата со Ковид-19 сѐ уште одекнуваат во главата на медицинската сестра Јохана Јаневска. Борбата за секој човечки живот, исцрпувачката голгота низ којашто поминуваат медицинските работници повеќе од една година сѐ уште трае. Притисокот врз здравствените работници е уште посилен во налетот на третиот бран, кога болничките капацитети се преполни, а вирусот и неговите мутации не бираат кого ќе нападнат. Сѐ поголем е бројот на млади луѓе кои се борат за последен здив.

Сликите од шок-собата нема никогаш да ги заборави. „Влегуваш во шок интензивна со верба да видиш дека некој од пациентите што си ги оставил претходно го екстубирале, се разбудил. Се трудиш да му помогнеш на секој од нив подеднакво, не прашувајќи за име, за возраст. Ги следиш нивните симптоми, делиш терапија, а од тебе тече пот. Само ние знаеме како дишеме, како издржуваме. Но, како и секогаш, да спасиш човечки живот е најубаво чувство. Но, за жал и не успеваме секогаш во нашата намера, а тоа ни е најтешко“, раскажува сестра Јохана Јаневска.

 

Текстот во целост на: ДВ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...