20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаСветРусија бара од Словачка да ѝ ги врати сите дози од „спутник...

Русија бара од Словачка да ѝ ги врати сите дози од „спутник в“ поради ширење лажни вести за нејзиниот квалитет

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Словачкиот институт кој ја проценува вакцината, тврди дека не е истиот „спуник в“ кој е анализиран во „Лансет“ и кој во моментов се проценува во ЕМА
Русија побара од Словачка да ѝ ги врати дозите од вакцината „спутник в“ поради кршење на договорот, јавува 360 етепени.

<

На официјалниот твитер профил за вакцината „спутник в“ се наведува дека словачката Агенција за лекови, „прекршувајќи го постојниот договор и со саботажа“, го тестирала производот во лабораторија која не е дел од официјалната мрежа на лаборатории на ЕУ за контрола на лекови.

Исто така, се наведува дека Словачкиот државен институт за контрола на лекови „започнал со кампања од дезинформации“ против вакцината „спутник в“ и дека „планира дополнителни провокации“.

Неколку часа пред Русија да побара од Словачка да ѝ ги врати вакцините, Словачкиот институт соопшти дека не добил доволно информации од рускиот производител за да може да ги процени придобивките и ризиците од нејзината употреба.

Институтот тврди дека добил околу 80 проценти од бараните податоци од Русија и додаде дека вакцината доставена до Словачка се разликува од онаа за што постои анализа во стручното списание „Лансет“ и чијашто ефикасност се проценува на 91,6 проценти.

Руската вакцина „спутник в“ сè уште не е одобрена за употреба во ЕУ, но Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со проценка минатиот месец

Словачка: „Спутник В“ што го проценува ЕМА е различен од оној што ни е испратен
Словачкиот институт исто така тврди дека вакцината што ја проценува ЕМА се разликува од онаа испратена во Словачка.

Русија ги отфрли тврдењата како „лажни вести“.

„Сите дози на вакцина ‘спутник В’ се со ист квалитет и минуваат низ строга контрола во институтот Гамалеја. Квалитетот на вакцината е потврден од регулаторните агенции на 59 земји“,

се наведува во изјавата од руските власти.
Словачката влада неодамна падна откако поранешниот премиер Игор Матович склучи таен договор со Русија за купување на два милиони дози вакцина „спутник в“, и покрај противењето на коалициските партнери.

Тој лично ги дочека првите 200 000 дози на 1 март на аеродром.

Матович, кој во новата Влада е вицепремиер и министер за финансии денеска разговараше со руски официјални лица во Москва за понатамошна испорака на вакцини.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...