10.3 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаИнституциите немаат слух за мајките на трудничко: Се бара продолжување на породилното...

Институциите немаат слух за мајките на трудничко: Се бара продолжување на породилното отсуство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајките на породилно отсуство уште еднаш го креваат гласот. Со години наназад се бара породилното отсуство да биде продолжено на повеќе од 9 месеци, а во екот на пандемијата кој во моментов го има најсилниот бран на Ковид-19, тие наидуваат на затворени врати.

<

„Ние мајките кои сме на платено породилно отсуство, бараме истото да ни биде продолжено бидејќи немаме каде да ги оставиме нашите бебиња за да тргнеме на работа. Доведени сме во крајно незавидна ситуација“, стои во петицијата која ја покренаа преку социјалните мрежи.

Финансиската состојба на многумина не им дозволува децата да ги пуштат во приватна градинка или пак да ангажираат дадилка, па се принудени да даваат отказ на работа.

Ивана Смилеска за Женски магазин, вели дека поради неможност градинките да ги згрижат сите деца чии мајки треба да се вратат на работа по истекот на истото, како и поради ризик од ширење на инфекцијата помеѓу оние деца кои евентуално би тргнале во градинка бараат институциите да го продолжат породилното отсуство.

-Во услови на пандемија, како што и сами знаете градинките работат со намален капацитет. Нема место и не примаат нови дечиња, додека небезбедно и непрепорачливо решение во моментов е да се ангажира дадилка-потенцира Ивана.

Бараме продолжување на платеното породилно отсуство во услови на пандемија поради неможност градинките да ги згрижат сите деца чии мајки треба да се вратат на работа по истекот на истото, како и поради ризик од ширење на инфекцијата помеѓу оние деца кои евентуално би тргнале во градинка.

-Ние мајките сега сме буквално во безизлезна ситуација. Многу беа приморани да си дадат отказ а во очекување на пикот на третиот бран, бараме разбирање и поддршка од надлежните во обидот да ги заштитиме нашите најмали и најранливи и продолжување на платеното породилно отсуство, се до оној момент кога епидемиолошката состојба ќе дозволи зголемување на бројот на јаслените групи или ќе се понуди друго решение за овој проблем-додава Смилеска.

Притисоците за враќање на работа од една страна станаа секојдневие, а не се нуди никакво решение за гореспоменатите проблеми од друга страна.

Во одговорот кој го добиле од Министерството за труд и социјална политика буквално им креваат раменици.

„Ве информираме дека состојбата со градинките се следи на дневно ниво и се постапува строго предвидените препораки на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба, подготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика како ресорно министерство и Комисијата за заразни болести. Владата на 14.09. 2020 година го прифати Предлогот за изменување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца и тоа: воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца и групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца и двајца вработени во смена. Инаку, со последното барање кое беше упатено од наша страна до Комисијата за заразни болести добиен е одговор дека според епидемиолошката состојба која е во моментов, Комисијата не дозволува зголемување на број на деца во воспитните групи. Истовремено, Министерството за труд и социјална работа испрати препорака до Јавните детски установи за отворање на нови воспитни групи, доколку објектот има можност за просторна адаптација во самата градинка. Со тоа се овозможува опфат на повеќе деца во градинките и истовремено им се излага во пресрет на родителите. Исто така, ве информираме дека, од повторното отворање на градинките досега Комисијата нема дадено препораки за нивно затворање , ниту препорака за продолжување на породилното отсуство. Како Влада и како ресорно министерство продолжуваме да ги спроведуваме и почитуваме донесените препораки и мерки на Комисијата за заразни болести, како стручно тело за справување со КОВИД 19“ – стои во одговорот на нивното барање од труд и социјала.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...