18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаОпштина Струга: Луѓето умираат од премногу сол и брашно, а не од...

Општина Струга: Луѓето умираат од премногу сол и брашно, а не од диви депонии.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Без присуство на градоначалникот Рамиз Мерко, директорот на Јавното комунално претпријатие во Струга и на претставник на Министерството за екологија, туку на нивни правни застапници, почна судењето за градската дива депонија во Струга. Македонското здружение за млади правници ги тужи овие три институции дека во изминатите години не презеле ништо за санирање и дислокација на депонијата од постојната локација на влезот на градот. Со вештачење е утврдено дека понатамошното постоење на депонијата ќе произведе посериозна штета по здравјето и животот на луѓето и животната средина.

<

„…Вториот дел од тужбата се однесува на конкретни мерки кои треба да се преземат за да се спречи таа идна штета ,а кои ќе одат во насока да се дислоцира целосна депонијата. Една од мерките е забрана за депонирање на комунален отпад“, рече Глигорие Ќатоски-адвокат на Македонско здружение на млади правници.

Адвокатот на општина Струга вели дека тужбата е правно неиздржана и надвор од судската надлежност. Освен тоа, според него, во земјава се умирало од други причини, а не од депонии.

„…Јас и на судењето кажав дека повеќе луѓе во Македонија умираат од употреба на сол, шеќер, бело брашно, него од дивите депонии“, изјави Драган Коровешоски-адвокат на општина Струга.

На денешното судско рочиште беа презентирани фактите и аргументите за случајот од двете страни. Следното е закажано за 25 мај. Инаку, струшката дива депонија се наоѓа на само 500 метри од првите куќи во градот.

Извор:Алсат Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...