6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаСестра Тина Гоџоска од Инфективно Охрид: Тагуваме за секој изгубен живот, оздравените...

Сестра Тина Гоџоска од Инфективно Охрид: Тагуваме за секој изгубен живот, оздравените ги испраќаме со насмевка

spot_img

Тина Гоџоска, медицинска сестра од Инфективното одделение во Општата болница во Охрид: Тагуваме за секој изгубен живот, оздравените ги испраќаме со насмевка.

<

Здравствените работници секојдневно се соочени со предизвикот да се спаси секој еден заболен од ковид-19. Деновите се тешки, уморот е голем, но и тагата бидејќи бројот на починати на дневна основа никако не се намалува.

Медицинската сестра Тина Гоџоска од Инфективното одделение во Општата болница во Охрид, секое утро е на работа. Се грижи и за хоспитализираните, но и за оние кои доаѓаат на преглед амбулантски. Работата со најтешко заболените кои се борат за живот е нешто што не би сакала никогаш да се повтори.

„24 часа сме ангажирани, со пациенти сме и на одделение и во амбуланта, постојана грижа делење терапија, охрабрување во нивните тешки денови. Тука сме за нив. Се случува и тие да не охрабруваат да издржиме, взаемно си помагаме и се бодриме. Не имаат само нас. Тешки се овие денови и затоа сме посебно среќни што голем број си заминаа од тука здрави. Со насмевка ги испраќаме“, вели Гоџоска.

Работи веќе 25 години, последнава ковид-година ситуацијата ги зближила во секојдневна борба низ тешки и болни моменти, но и среќни кога ги испраќаат оздравените пациенти. Уморот е голем, но сила имаме да издржиме до крај, вели Гоџоска.

Првите месеци од пандемијата биле најсташни, не знаеле со што се соочуваат, но подоцна сфатиле дека заштитната опрема, скафандер, три пара ракавици, каљачи, маски може да ги заштити од смртоносниот вирус.

Гоџоска додава дека на самиот почеток од пандемијата воопшто не се гледала ниту со домашните ниту со блиските пријатели. Приватниот живот на здравствените работници потполно се сменил.

 

„Не се гледавме со постарите, внимаваме да не ги заразиме. Сега со вакцината ќе може некако полесно да функционираме“, вели Гоџоска која за среќа не заболела благодарение, како што вели, на почитувањето на мерките и носењето заштитна опрема.

„Вакцината ќе не спаси од овој пекол кој го преживуваме. Навистина сме уморни од самиот почеток сме на првата линија на фронтот и чекаме ден да се избориме со овој невидлив непријател“, додава таа.

Деноноќно се води грижа за секој еден пациент, деноноќно трае борбата за секој еден живот, а по многу поминати часа во заштитната опрема фали и воздух.

За повеќе детали тука:ohridnet

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...