7.9 C
Ohrid
четврток, септември 23, 2021
Почетна Македонија Вмро Дпмне со балони полни со вода го бомбардираше Министерството за здраство,...

Вмро Дпмне со балони полни со вода го бомбардираше Министерството за здраство, сакале да го измијат страмот на Филипче и Заев

Translate (Eng):[gtranslate]

Под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“ денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ по четврти пат протестираше пред Министерството за здравство и побара оставки од министерот и премиерот. Незадоволството од начинот на кој Владата се справува со пандемијата го демонстрираа со фрлање на балони со вода кон министерството.

Според нив, општите болници низ земјава се полни со пациенти и немаат основни медицински средства, а медицинските лица купуваат сами опрема и работат до исцрпување.

СДСМ го нарекоа опозицискиот протест лицемерен, и дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е важно здравјето на граѓаните, ниту здравствениот сектор, само политичкиот профит.

РЕКЛАМА

Од Министерството за здравство велат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата се одвива без никаков проблем и дека се потсмеваат со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување.

„Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на „преправање“ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години“ – соопштија од Министерство за здравство.

ВМРО-ДПМНЕ велат дека министерот Филипче не е способен да набави вакцини за граѓаните, а од Министерството велат дека опозицијата од почетокот на пандемијата не придонела со ништо за заштита на здравјето на граѓаните.

Тв24

- Реклами -